Свет
Убиена сестрата на бугарскиот тајкун Илија Павлов, ликвидиран во 2003-та
Бугарката Славка Најденова (41), сестра на бугарскиот тајкун Илија Павлов убиен во 2003 г., и нејзиниот осумгодишен син, Пол Вилсон, се убиени во нивниот дом во Дејл Сити во САД, соопштија локалните медиуми денеска
Илија Павлов беше основач и прв човек на компанијата Мултигруп, која макеоднските медиуми ја споменуваа како нарачател на атентатот врз македонскиот претседател Киро Глигоров, во 1995 г. Потoа Павлов на Глигоров во приватна посета во Охрид му презентираше документација и сознанија на холдингот во врска со обидот за неговата ликвидација.Павлов беше убиен од снајперист со еден куршум во срцето на 7-ми март 2003 г., пред влезот на централата на „Ем Џи корпорација“ во центарот на Софија. Кога беше ликвидиран, Павлов беше на 43-годишна возраст.Најденова и нејзиниот син се пронајдени мртви во нивниот дом околу 23 часот на 1 февруари, соопштува локалниот портал insidenova.com. Сопругот на Најденова, Лестер, и еден негов пријател ги нашле телата кога дошле дома.Полицијата не открива како се убиени мајката и синот, а како што пренесува порталот, сопругот не бил приведен како осомничен. Полицијата вели дека немало знаци на насилно влегување.Според insidenova.com, полицијата ја уапсила Наталија Вилсон (47) како осомничена за убиството. Полициски извори велат дека приведената најверојатно ги познавала жртвите, но не прецизира дали е во роднинска врска со осумгодишната жртва Пол Вилсон.„Случајот е се’ уште под истрага, но не се сомневаме дека убиствата се случиле случајно, без намера“, вели шефот на полицијата.Домот во кој се убиени мајката и синот е купен во 2000 година, и Славка Најденова е сопственик. Според порталот, таа била сопственичка на уште неколку живеалишта кои ги купила со пари од изнајмувањето на куќите на имигранти.Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Марин Рајков, потврди дека Најденова е сестра на Илија Павлов, бугарски тајкун кој беше убиен со снајпер пред неговата канцеларија во Софија во март 2003 година.Рајков за бугарската агенција Фокус вели дека Бугарската амбасада во САД била известена за убиствата од еден бугарски сограѓанин, кој бил повикан од надлежните во САД како сведок за расчистување на фактите и деталите за случајот.Рајков не можел да каже дали навистина има осомничен за злосторството и дали некој е приведен, „како што тврдат локалните медиуми дека најверојатно тоа го сторил човек поврзан со сестрата на Илија Павлов, за која се верува дека е поврзанa со криминални дејствија.“Таткото на Илија Павлов, Павел Најденов, за бугарската телевизија Нова вели дека слушнал на вести за убиството и се обидел да стапи во контакт со семејството на убиената во САД. Запрашан дали за убиството дознал од Дарина Павлова, вдовицата на неговиот убиен син, која исто така живее во САД, тој вели: „Не, не слушнав од неа. Јас сум сам во мојата тага“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Блумберг“: Русија ќе инсистира на клучни промени во најновата верзија на мировниот план
Русија има намера да постигне клучни промени во најновиот мировен план за завршување на војната во Украина, вклучително и построги ограничувања за вооружените сили на Украина. Ова го објавува Блумберг , повикувајќи се на извор близок до Кремљ.
Според изворот на агенцијата, Русија го смета мировниот план од 20 точки како почетнa позиција за понатамошни преговори. Се наведува дека тој не содржи никакви одредби важни за Русија и не дава одговори на многу прашања.
Иако Русија го смета сегашниот документ за типичен украински план, „ќе го проучи со трезвена глава“, изјавил изворот за новинарите. Тој додава дека Москва не сака веднаш да го отфрли овој мировен план.
Изворот прецизира дека Русија е загрижена за прашањата за гаранциите против идно проширување на НАТО на исток и неутралниот статус на Украина во случај на нејзино пристапување кон Европската унија. Тој исто така рече дека Кремљ сака да постигне јасни гаранции за статусот на рускиот јазик во Украина и ограничување на големината на вооружените сили на Украина по завршувањето на војната.
Покрај тоа, Русија сака да добие јасност по прашањето за укинување на санкциите и стотиците милијарди долари замрзнати руски средства на Запад, додаде изворот.
depositphotos
Свет
(Видео) Напад за време на вечерна молитва во Нигерија, има мртви и повредени
Во напад за кој се сомнева дека е извршен од бомбаш самоубиец врз џамија во нигериската држава Борно, се стравува дека има повеќе мртви и повредени. Силна експлозија одекнала за време на вечерната молитва во Мајдугури, главниот град на таа федерална држава, пишува Би-Би-Си.
Очевидци велат дека експлозијата се случила додека џамијата била полна со верници. Според првите неофицијални извештаи, најмалку седум лица загинале, но властите сè уште не издале официјална потврда за бројот на жртви.
A bomb exploded inside a mosque in Nigeria, resulting in many casualties and injuries. pic.twitter.com/G6Q976uS4z
— NEXTA (@nexta_tv) December 24, 2025
Досега, ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот. Сепак, познато е дека милитантите во таа област претходно извршиле самоубиствени напади и напади со импровизирани експлозивни направи, а нивни цели честопати биле токму џамии и други места со голем број луѓе.
На социјалните мрежи се појавија непотврдени снимки на кои наводно се гледаат последиците од експлозијата. Тие прикажуваат луѓе собрани на пазарот додека воздухот е исполнет со честички прашина.
depositphotos
Свет
Израел одобри 19 нови населби на Западниот Брег, голем број земји со осуда
Велика Британија, Канада, Германија и голем број други земји ја осудија одлуката на Израел да одобри 19 нови населби на окупираниот Западен Брег, предупредувајќи дека потегот го крши меѓународното право и ризикува да поттикне понатамошна нестабилност. Во заеднички апел, тие ја повикаа израелската влада да ја поништи одлуката, пишува „Франс 24“.
Одлуката на израелскиот кабинет за безбедност беше осудена, заедно со Велика Британија, Канада и Германија, од Белгија, Данска, Франција, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Малта, Холандија, Норвешка и Шпанија.
„Го повикуваме Израел да ја поништи оваа одлука, како и проширувањето на населбите“, според заедничкото соопштение објавено од Велика Британија.
„Ве потсетуваме дека ваквите еднострани дејствија, како дел од пошироко интензивирање на политиката на населување на Западниот Брег, не само што го кршат меѓународното право, туку и ризикуваат поттикнување на нестабилност“, се додава во соопштението.

