Свет
CIA наредила напад врз мисионерско семејство
Роднините на мисионерско семејство кое е убиено во 2001 г. ја обвинуваат владата на САД за забошотување на случајот кога според нив Агенцијата на перуанската војска и’ наредила да го урне авионот во кој биле членовите на семејството
Џим и Вероника Боуерс работеле како мисионери во џунглите во северно Перу, заедно со нивните две деца, едното на шестгодишна возраст и другото бебе. Со мал авион се враќале во кампот кога почнал да ги следи летало на CIA. Мислејќи дека станува збор за авион на криумчари на дроги, Агенцијата им наредила на перуанските воени воздухопловни сили да го урнат авионот. Семејството тврди дека доволно било да ја проварат бројката на опашката од авионот од кој ќе можеле да видат дека станува збор за воздухоплов во сопственост на црквата. На снимката од разговорот на агентите на CIA којашто е објавена во САД се слуша дека и кај нив имало дилема за какво авион станува збор, и откако два часа го недлетувале авионот на семејството Боуерс решиле тој да биде соборен. Еден од агентите се предомислил кога почнало пукањето, но Вероника Боуерс веќе била погодена со куршум кој минал низ нејзиното тело и влегол во бебето кое го држела в скут. Пилотот Кевин Доналдсон иако бил ранет во двете нозе, сепак успеал да слета во реката. По девет години истрага против 16 агенти на CIA биел поднесени дисциплински мерки, иако Агенцијата и натаму тврди дека никој од агентите не го прекршил законот. Телевизијата ABC се повикува на анонимен извор дознала дека еден од агентите добил само дисциплинска мерка – писмена опомена која е ставена во неговото досие.Но таткото на убиената Вероника Боуерс, за американските медиуми изјавил дека почнува со нова кампања, бидејќи не е задоволен од „лагите и забошотувањата“. Тој смета дека за овој случај некои лица треба да добијат затворски казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Екс-ју земја забрани трубачи до крајот на декември: „Балканската музика нема врска со нас“
Градскиот совет на Љубљана изгласа забрана за спонтани улични настапи со музички инструменти, а одлуката ќе важи до крајот на декември. Предлогот дојде директно од градоначалникот Зоран Јанковиќ и стапува на сила веднаш, со што од улиците на словенечката престолнина се отстрануваат популарните „трубачи“, пишува 24ur.com.
Целата расправа беше покрената со прашање од градската советничка од СДС, Маруша Бабник. Таа предупреди дека Љубљана, за разлика од други европски градови кои со гордост ја истакнуваат својата култура, за време на празниците недоволно ја негува сопствената традиција, пренесе „Телеграф“.
„Градската општина Љубљана во празничниот период дозволува фаворизирање на балканската музика, ‘трубачите’, кои со Љубљана, словенечкиот културен идентитет и божиќната традиција немаат никаква врска“, изјави Бабник, сметајќи дека градот се срами од сопствената култура.
Од друга страна, заменичката директорка на Туризам Љубљана, Ана Лампич, ја бранеше градската програма. Таа истакна дека таа вклучува бројни содржини од словенечката традиција.
„Посетителите ја доживуваат Љубљана како отворена, жива и културно богата европска престолнина. Уличните музичари, меѓу кои спаѓаат и трубачите, не се дел од официјалната декемвриска програма“, нагласи Лампич.
По расправата, градоначалникот Јанковиќ реши да пресече. Тој предложи одлука за забрана на спонтани улични настапи и веднаш покрена гласање, што предизвика конфузија меѓу советниците.
„Сега ќе имаме гласање за да се забранат трубачите, за да биде јасно“, порача тој.
На барање на советниците, гласањето беше повторено, а одлуката на крајот беше донесена со 25 гласа „за“ и шест „против“.
„Тоа не значи дека ќе можат на едниот крај два часа, па потоа на другиот. Сега веќе не смеат да настапуваат“, појасни Јанковиќ, додавајќи дека градскиот инспекторат веќе изрекол казни на некои музичари.
Одлуката не помина без критики. Градскиот советник, Денис Стриковиќ, оцени дека гласањето е неважечко, бидејќи ваква забрана може да се воведе само со измена на постојната одлука, а не со ваков заклучок. Целата постапка ја нарече нетолеранција кон трубачите.
Јанковиќ ги отфрли приговорите, објаснувајќи дека не станува збор за измена на одлуката за посебна употреба на јавните површини, туку за заклучок кој е во согласност со неа и кој постојната одлука го овозможува.
Свет
„Политико“: Сојузниците сè повеќе ја губат довербата во САД поради Трамп
Клучните сојузници на САД, меѓу кои Германија, Франција и Канада, сè почесто ја доживуваат Америка како непредвидлива и проблематична сила на светската сцена поради политиките на претседателот Доналд Трамп, покажува ново меѓународно истражување, објави Политико.
Анкетата на POLITICO–Public First покажува дека значителен дел од испитаниците во Германија и Франција, како и мнозинството во Канада, сметаат дека САД се негативна глобална сила. Во Обединетото Кралство ставовите се поделени, но повеќе од една третина имаат негативна перцепција.
Речиси мнозинство во сите четири земји верува дека САД почесто создаваат проблеми отколку што ги решаваат. Повеќето Канаѓани и речиси половина од испитаниците во Германија и Франција сметаат дека САД ги предизвикуваат своите сојузници, додека значаен дел од Британците велат дека на Америка не може да се смета во време на криза.
Свет
Полска поставува противдронски систем на границата со Белорусија
Полска постави прв противдронски одбранбен систем на новa набљудувачкa кула во близина на границата со Белорусија, како дел од зајакнатите безбедносни мерки, објави Еуроњуз.
Системот е инсталиран во местото Ожерани и ќе биде оперативен од јануари, потврди министерот за внатрешни работи, Марчин Кервински.
За време на божиќните празници, повеќе од 6.000 припадници на армијата, граничната полиција и полицијата ќе бидат распоредени на границата. Полските власти соопштија дека годинава спречиле речиси 30.000 обиди за нелегален премин.
И покрај засиленото обезбедување, хуманитарната состојба на границата останува тешка, при што активистите предупредуваат дека и натаму има жртви меѓу мигрантите. Во исто време, опозициската група БЕЛПОЛ тврди дека во близина на Минск се гради фабрика за оружје, која наводно ќе произведува артилериска и ракетна муниција за Русија.

