Свет
Убиството на Харири е посложено од злосторство против човечноста

Терористичките напади како убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири се покомплицирани од злосторството против човечност, изјави во петок претседателот на Посебниот суд за Либан
„Секој терористички чин е посложен од случаите со воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцидот“, изјавил претседателот на судот Антонио Касесе во рамките на неговата прва посета на Бејрут.Овој суд е задолжен за судење на извршителите на терористичките напади во Либан, меѓу кои е и атентатот од февруари 2005 г. во кој беше убиен Рафик Харири.„Кога станува збор за терористичките злосторства, имаме работа со ќелии. Го нема синџирот на командна одговорност, на хиерархија. Касесе беше првиот претседател на Меѓународниот суд за поранешна Југославија во Хаг. Посебниот суд за Либан е основан во 2007 г. со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, а со работа започна од 1-ви март 2009 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Порошенко: Изборите во Украина треба да се одржат по потпишувањето на мировниот договор

Украинскиот пратеник и лидер на партијата „Европска солидарност“, Петро Порошенко, ги потврди извештаите за средба меѓу претставници на опозицијата и тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Укринформ“.
Средбата не била тајна и главно била посветена на одржување избори по завршувањето на воената состојба, нагласи поранешниот украински претседател, додава БТА.
Тој на Фејсбук напиша: „Со нашите американски партнери, работиме јавно и транспарентно на одржување на двопартиската поддршка за Украина“.
Порошенко потсети дека украинската опозиција постојано предлагала координирање на ваквите состаноци со владата и поканување на американскиот амбасадор да присуствува. Истовремено, тој нагласи дека опозицијата честопати јавно зборува за недостигот на комуникација меѓу раководството на Украина и американската администрација, „што создава ризици за државата“.
„Суштината на нашите разговори со американските претставници отсекогаш се засноваше на два принципа: прво, безбедност и мир преку сила. Поточно, тоа значи оружје, разузнавање, санкции против Русија, финансиска поддршка, демократска одржливост (слобода и демократија) и трансатлантско единство“, рече лидерот на „Европска солидарност“.
Тој, исто така, повтори дека неговата фракција секогаш била и останува цврсто против одржување на избори за време на војната.
„Рековме и продолжуваме да кажуваме дека избори може да се одржат само по прекин на огнот и потпишување на мировен договор со гаранции за безбедноста на Украина“.
„Во тој момент очигледно ќе биде укината воената состојба. Најдоцна 180 дена потоа мора да се одржат слободни и демократски избори за да се гарантира волјата на народот и довербата на слободниот свет“, додаде поранешниот украински претседател.
Свет
Кинески претставник: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон Европа

Специјалниот претставник на Кина за европски прашања, Лу Шаје, рече дека е згрозен од начинот на кој претседателот Доналд Трамп се однесува кон сојузниците во Европа, додавајќи дека мировниот договор за Украина не треба да го одредуваат само САД и Русија.
„Кога ќе погледнете како администрацијата на Трамп започна дрска и доминантна политика кон Европа, третирајќи ги своите сојузници на ваков начин, искрено, од европска перспектива, тоа е прилично ужасно“, рече Лу.
„Верувам дека европските пријатели треба да размислат за тоа и да ги споредат политиките на администрацијата на Трамп со оние на кинеската влада. Притоа, тие ќе видат дека дипломатскиот пристап на Кина го нагласува мирот, пријателството, добрата волја и соработката меѓу двете страни“, додаде тој.
Лу го рече ова на маргините на панел-дискусијата со други високи дипломати за време на годишната сесија на највисокото советодавно тело на Политичката консултативна конференција на кинескиот народ (CPPCC) во Пекинг.
Тој се осврна и на разговорите меѓу САД и Русија, нагласувајќи дека секој мировен процес мора да вклучува признавање и учество на сите релевантни страни, вклучително и европските нации. „Различни предложени решенија треба да бидат предмет на еднаква дискусија, наместо да бидат диктирани од неколку избрани“, заклучи тој.
Свет
Шефот на НАТО: Трамп покажа посветеност кон Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека Украина и САД во моментов разговараат за начините за напредок.
Тој додаде дека е внимателен оптимист и овие разговори можат да доведат до добри резултати.
Руте исто така изјави дека Доналд Трамп јасно ја покажал и американската и неговата лична посветеност на НАТО.
„Трансатлантското партнерство останува основата на нашиот сојуз“, додаде Руте на прес-конференцијата што ја одржа со полскиот претседател Анджеј Дуда.