Свет
Во две автобуски несреќи 30 загинати
Во Нигерија струен кабел паднал врз автобус при што умреле повеќе од 20 патници, а утрово агенциите јавија за уште една автобуска несреќа во Домениканската Република кога автобус слетал во океан при што загинале 11 лица
Портпаролката на нигериската полиција, Рита Абеј, за Associated Press изјавила дека се страхува дека бројката од дваесет загинати можеби и не е конечна. Десетина патници биле пренесени во болницата во градот Порт Харкурт. А не е утврдено колку точно патници се превезувале со автобусот. Повеќето од загинатите биле патници во автобусот, а некои се нашле во неговата близина во моментот на несреќата. Електричниот кабел паднал врза автобусот предизвикал заради големите дождови кои неколку денови врнат во јужниот дел од Нигерија. Како што пренесува Reuters, во Домениканската Република во автобусот кој слетал во океанот при што загинале 11 лица, од кои осум биле жени а две од нив биле бремени. Директорот на домениканската Канцеларија за кризни ситуации, Луис Луна изјавил дека во автобусот кој се превртел во текот на патувањето од градот Лас Америкас до Санто Доминго, имало уште 15 тешко повредени лица кои биле спасени со брза интервенција на спасувачките екипи. Помошникот на возачот кој ја преживеал несреќата, на полицијата и’ изјавил дека виновен бил лошиот пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

