Свет
САД загрижени од напад на Израел врз Иран
Командантот на здружениот штаб на американската армија, адмиралот Мајкл Малин, изјавил дека е загрижен за евентуални последици од потенцијален израелски напад на иранските нуклеарни постројки
„Потенцијален почеток на судир со Иран би претставувал извонредно голем проблем за сите нас и можам да речам дека сум многу загрижен за евентуалните последици од таквиот напад“, изјавил адмиралот Мајкл Малин по пристигнувањето во Тел Авив на конференцијата организирана од израелското Министерство за одбрана.
Но, Малин додал дека американскиот претседател Барак Обама многу јасно кажал дека од политички аспект, Иран не може да има нуклеарно оружје.
Адмиралот Малин во недела допатува во Израел на покана од неговиот колега, израелскиот командант, генералот Габи Ашкенази. Притоа ќе се сретне со високите воени функционери и со министерот за одбрана Ехуд Барак.
Истовремено во прва посета на Русија престојува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Иако засега нема изјави од неговите средби со првите луѓе на Кремљ, познато дека целта на посетата е разговори за ситуацијата со Иран кој почна да збогатува ураниум до 20-отстотно ниво во сопствена лабораторија. Иако Техеран тврди дека овој ураниум му е потребен за медицински цели, а нуклеарните постројки за добивање струја, западните земји се сомневаат дека развива нукеларно оружје.
Израел кој повеќепати е посочуван како главна цел на евентуален Иран не крие дека има разработен план за бомбардирање на овие ирански постројки. Во 2008 г. Тел Авив упатил барање за заеднички или самостоен напад врз Иран, но тогашниот американски престедател Џорџ Буш Помладиот го одбил. Потоа, високи израелски воени функционери изјавуваа дека нивната земја е подготвена и способна и самата да изврши превентивен напад врз Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

