Свет
Иран тврди дека го разгледува новиот предлог
Водачот на иранската Организација за атомска енергија, Али Акбар во понеделник изјавил дека се разгледува новиот предлог на Москва, Париз и Вашингтон за замена на ураниумот, но Русите и Французите тоа го демантираа
„По одлуката на Иран сам да произведува ураниум збогатен до 20 отсто, Русија, Франција и САД изнесоа нов предлог и ние го разгледуваме“, изјавил Али Акбар Салехи за иранската новинска агенција IRNA.И други ирански медиуми денеска објавуваат интервјуа со Салехи во кои повторува дека постои нов предлог на трите држави. „Не сакам ја го откријам содржината на предлогот, подготвени сме за размена ако трите држави дадат задоволувачки гаранции, односно ако таа размена се изврши симултано и на ирнаска територија“, рекoл Салехи за друга ирaнаска агенција Fars. Француското министерство за надворешни работи демантираше дека постои нов предлог за Иран. „Единствениот предлог кој постои е оној што го соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија во октомври и на кој досега не примивме задоволувачки одговор“, соопшти за француските медиуми портпаролот на француското министерство за надворешни работи, Бернар Валеро. „Русија, САД о Франција, само потврдија дека ги поддржуваат предлозите кои претходно ги изнесе ја IAEA“, изјавил неименуван извор од руското министерството за надворешни работи за агенцијата Интeрфакс.Иран го одби овој предлог и бараше изменување на неговата содржина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

