Свет
Таџикистан на работ на пропаста

Британската невладина организација Оксфам предупреди дека во Таџикистан дошло до драматични климатски промени, заради топењето на глечерите и недостигот од вода за пиење што го дестабилизира регионот
Населението на оваа сиромашна азиска држава веќе ги чувствуваат погубните последици од климатските промени, а следните 40 години ќе трпи и уште потешки доколку итно не се преземе нешто, предупредуваат екологистите.Извештајот насловен „На работ од пропаста? Климатските промени и сиромаштијата во Таџикистан“ и во него се предупредува дека топењето на глечерите од планинскиот синџир Памир и недостигот од вода може да имаат катастрофални последици за регионалната стабилност. „Ако глечерите продолжат да се топат и ако Таџикистан и натаму биде изложен на екстремни метеоролошки услови, ќе патат неброено многу население. Сега веќе за 1,5 луѓе недостига храна и продолжат климатските промени, оваа бројка ќе биде многу поголема’, изјавил Енди Бејкер, извршен директор на Оксфам за Таџикистан, некогашна поранешна советска република во составот на СССР. Бејкер предупредил дека оваа состојба може да има сериозен домино ефект врз централна Азија, бидејќи државите во регионот можат да се судрат заради се’ помалиот број извор на вода за пиење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индонезија, Азербејџан и Пакистан – три земји во преговори за мировна мисија во Газа

Американски официјален претставник изјави дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан разговараат со САД за можноста да испратат војници во идната меѓународна мисија за стабилизација на Пojaсот Газа, објави американски функционер од одбраната, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, јавува „Политико“.
Ова е дел од планот во 20 точки за мир предложен од Доналд Трамп, кој предвидува привремени сили за обука и поддршка на палестинската полиција и соработка со Египет и Јордан.
САД нагласуваат дека американски војници нема да влегуваат во Газа, туку ќе дејствуваат од координативен центар северно од Израел. Египет, Катар и ОАЕ ќе имаат свои официри таму. Досега нема официјални потврди од трите земји.
Целта на мисијата е привремено да се обезбеди обука на палестинските безбедносни структури и да се овозможи разоружување на Хамас. Аналитичари и дипломати ја доведуваат во прашање изводливоста на планот, а формирањето на силите може да трае неколку месеци од моментот на одлуката.
Свет
„Борбата не е завршена“ – Нетанјаху решен да ги врати сите тела на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е решен да ги врати сите тела на заложниците што сè уште се во рацете на Хамас.
Тој ја повтори својата порака за време на одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас велејќи:
„Борбата уште не е завршена, но едно е јасно – секој што ќе крене рака против нас, ќе плати висока цена“.
Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за примирје, според кој сите заложници – живи и мртви – требало да бидат предадени до понеделник. Хамас предаде 20 живи заложници и девет тела, но тврди дека за другите му е потребна специјална опрема за пребарување под урнатините.
Министерот за одбрана Израел Кац порача дека ако Хамас не го почитува договорот, Израел во координација со САД ќе ја продолжи офанзивата до целосен пораз на организацијата.
Свет
Мерц предлага заем од 140 милијарди евра за Украина, обезбеден со рускиот замрзнат имот

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе предложи Украина да добие заем од 140 милијарди евра, гарантиран со замрзнатиот имот на Руската централна банка.
Средствата би биле наменети исклучиво за финансирање на одбраната, а Киев би ги вратил дури по добивањето репарации од Русија.
Планот е усогласен со иницијативата на Урсула фон дер Лајен за користење на руските средства како гаранција, без директно задирање во нив.