Свет
Убиството на ал-Мабух раскара неколку држави
Дипломатскиот бес околу убиството на командантот на Хамас во хотел во Дубаи стигна и до Австралија, денеска, откако израелскиот амбасадор објави дека убијците користеле фалсификувани австралиски пасоши
Надлежните во Дубаи идентификуваа 26 осомичени за учество во убистовото на Махмуд ал-Мабух, од кои тројца користеле лажни австралиски пасоши. „Секоја земја што е вмешана во злоупотреба на австралискиот пасошки систем, и на тој начин придонесла за извршување убиство, се заканува да ја презира Австралија и ќе има соодветен одговор од австралиската влада“, вели премиерот на Австралија, Кевин Руд, без објаснување.Мабух беше убиен минатиот месец во неговата хотелска соба за што полицијата во Дубаи рече дека речиси се сигурни дека нападот го извршила разузнавачката служба на Израел, Мосад.Полицијата на Дубаи додаде нови 15 имиња, во средата, на листата на осомничени за убиството. Шестмина од нив имале британски пасоши, по тројца австралиски, ирски и француски, соопштуваат надлежните во Дубаи.Меѓу останатите осомничени 11 мина патувале со лажни британски, ирски, француски и гермаски пасоши за да го убијат мабух. Шестмина од нив се британци кои живеат во Израел и негираат каква било вмешаност во убиството, а тврдат дека идентитетите им се украдени.„Истрагата во Дубаи не ја исклучува можноста за вмешаност и на други лица во случајот“, се вели во изјавата на надлежните на Дубаи.Австралиската влада остро реагира н употребата на австралиски пасоши на луѓето кои може да се вмешани во убиството, па на Израел му е јасно ставно до знаење дека доколку истрагата покаже дека злоупотребата на нивните пасоши, на некој начин е спонзорирано од израелските надлежни, одговорот нема да биде пријателски. И другите земји, чии пасоши се појавуваат кај осомничените ги повикале на разговор амбасадорите од Израел во нивните земји.Според австралискиот премиер Руд, фалсификуваните пасоши се причин за длабока загриженост и го става под знак прашалник интегритетот на целокупниот пасошки систем, акко во Австралија, така и секаде во светот. Израел ниту ја потврдува, ниту ја негира вмешаноста, но нивниот министер за надворешни работи вели дека тоа не може да се поврзи со убиството. САД, молчат по ова прашање. Изралскиот амбасадор во САД, Мајкл Орен, вели дека ни една друга земја, освен Дубаи не го обвинила Израел за вмешаност. „Јас лично, не знам ништо за тоа“, вели Орен за Ројтерс. Мабух, роден во појасот Газа, живеел во Сирија од 1989 година и израелските и палестинските извори велат дела играл улога на шверцер на иранско оружје за милитантите во Газа. Хамас, исто така, вели дека тој бил мозокот во заробувањето и убиството на двајца израелски војници за време на палестинската револуција во осумдесетите.Според полицијата во Дубаи, осомничените за убиството пристигнале од Париз, Рим, Милано и од Хонг Конг, а по убиството се рсштркале по светот. Двајца од нив заминале за Иран со брод.Убиството на Мабух е едно од трите убиства на важни лица во последните две години во Дубаи, еден од седумте емирати на Обединетите Арапски Емирати, каде насилството е реткост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне
Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

