Свет
Во експлозија на скробарница загинале 13 лица

Тринаесет лица загинале а уште пет се сметаат за исчезнати во голема експлозија на фабрика за производство на скроб на север од Кина, соопштија државните медиуми
Експлозијата во која се повредени околу 50 лица се случила во Lihua Starch Co. Ltd. во провинцијата Хебеи, објави кинеската државна агенција Ксинхуа. Девет повредени биле хоспитализирани во тешка состојба а производството во фабриката веднаш било прекинато.Провинциските власти формирале специјален истражен тим кој треба да ги открие причините за експлозијата, додека директорот на фабриката и неговиот заемник веднаш биле однесени во полицијата на испитување.И самата кинеска влада забележува дека заштитата при работата е во многу лоша состојба и дека во последните три децении и покрај вртоглавиот пораст на домашното стопанство воопшто не е вложувано во заштитата на работници те при извршување на нивните професионални обврски, што најмногу се огледува во честите рударски несреќи. Несреќите во кинеските рудници за јаглен се мнову чести, речиси секоја седмица последниве години се случува несреќа во која гинат десетина рудари. Во 2008 г. во вакви несреќи загинале 3.215 киенски рудари, но се смета дека неофицијалната бројка е многу поголема. Само во декември 2009 г. во несреќа на сервероисток на Кина загинаа 108 рудари, што беше најтешката несреќа во кинеските рудници во последните две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Катастрофални поплави во Кина: има загинати, потрагата по исчезнатите е во тек

Во силните дождови во источната кинеска провинција Шандонг смртно настрадаа две лица, а 10 се водат за исчезнати кога за пет часа наврна дожд колку што паѓа за половина година. Беше поплавен округот Лаиву во градот Џинан, соопштија локалните власти.
Во областа е регистриран максимален број врнежи од дожд од 364 милиметри, кој паѓаше од вторник на полноќ до 5 часот наутро по локално време, што е половина од просечните годишни врнежи од дожд во Џинан од 733 милиметри.
Ненадејните поплави во близина на планинските села Шивузи и Жуџијају во Џинан сериозно оштетија 19 куќи. Спасувачките операции се во тек и сите напори се насочени кон спасување на исчезнатите, соопштија властите.
Trapped by rising waters — record rainfall floods streets and strands residents in Lianjiang County, Fuzhou City, China
— Moh Musthafa Hussain (@musthafaaa) July 22, 2025
Поплавите се дел од поширок модел на екстремни временски услови во целата земја поради источноазиските монсуни, кои предизвикаа нарушувања во втората по големина економија во светот. Јужните региони беа исто така преплавени од обилни дождови кога тајфунот Вифа го погоди Хонг Конг во неделата.
⭕️21JULY2025 —Following catastrophic floods, mudslides continue to strike – footage of a mudslide in Benxi, Liaoning Province China today#wx #china
Credit: @skynewsagra pic.twitter.com/Kb00LqkIcK
— INTERCEPT⭕R ᴼˢᴵᴺᵀ/ ᴹᵃʳᵏᵉᵗˢ (@InterceptorNews) July 22, 2025
Екстремните дождови и силните поплави, кои метеоролозите ги поврзуваат со климатските промени, се сè поопасни бидејќи се закануваат да ги надминат застарените одбранбени системи за поплави, да раселат милиони луѓе и да предизвикаат хаос во земјоделскиот сектор вреден 2,8 билиона долари.
Фото: принтскрин
Европа
Почина претседателката на рускиот Врховен суд

71-годишната претседателка на Врховниот суд на Русија, Ирина Подносова, почина во Москва по тешка болест, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Подносова го водеше највисокото судско тело на Русија од 17 април 2024 година кога беше назначена како единствена жена кандидат и номинирана од рускиот претседател Владимир Путин. Таа ја презеде функцијата по смртта на Вјачеслав Лебедев, кој беше претседател на Врховниот суд од 1991 година.
Судијката се бореше со болест повеќе од една година, објави руската новинска агенција РБК. ТАСС соопшти дека починала од рак.
Подносова дипломирала на Правниот факултет на Ленинградскиот државен универзитет во 1975 година, и тоа истата година кога и Путин. Таа работеше во Врховниот суд од 2020 година кога стана заменик-претседател специјализирана за економски спорови и арбитражни случаи.
Рускиот весник „Комерсант“ напиша во тоа време дека Подносова немала искуство во арбитража, но се сметала за влијателна личност во руските судски структури. Изворите на весникот велат дека „сите разбираат кој стои зад неа“.
Врховниот суд е суд од последна инстанција во Русија. Неговите 115 члена ги номинира рускиот претседател и ги назначува Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) „Почна со чад, а потоа се слушнаа сирени“: двајца повредени во пожар на туристички брод во Далмација

Хрватските пожарникари добиле повик за пожар на туристички брод во Макарска во 8.23 часот утрово. Горел бродот „Казанова“.
Полицијата потврдила дека пожарот почнал во кујната. „Далмација данас“ дознава дека две лица побарале медицинска помош во Здравствениот центар во Макарска.
Неофицијално, дознале дека повредите се полесни изгореници.
„Почна со чад, а потоа се слушнаа сирени“, изјавил читател за „Далмација данас“.
Полицијата и пожарникарите реагираа на местото на настанот. Пожарот е локализиран. Во тек е полициска истрага за да се утврди причината за пожарот.
Фото: принтскрин