Свет
Кина: Сега на ред е САД
Официјална Кина денеска соопшти дека САД се на ред да ги смируваат нарушените односи меѓу Пекинг и Вашингтон поради продажбата на американско оружје на Тајван и средбата на американскиот претседател Барак Обама со Дале лама.
„Одговорноста за проблемите во кинеско-американските односи не е кај Кина. САД ќе треба да се заземе сериозен став кон Кина и да ги почитува нејзините интереси“, изјави Јанг Јечи министер за надворешни работи на Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Москва го затвора полскиот конзулат во Иркутск откако Полска го затвори рускиот
Руското МНР денес објави дека го затвора полскиот конзулат во сибирскиот град Иркутск како одговор на минатонеделното затворање на единствениот преостанат руски конзулат во Полска.
Русија го извести полскиот амбасадор за затворањето на конзулатите, кое ќе стапи на сила на крајот од годината „како одговор на одлуката на полските власти да ја повлечат својата согласност за работењето на рускиот генерален конзулат во Гдањск од 23 декември 2025 година“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Полска минатата недела објави дека ќе го затвори последниот руски конзулат во Гдањск на северот од земјата по саботажата врз железничката линија, за која Варшава ја обвини Русија.
Варшава идентификуваше двајца Украинци, за кои се сомнева дека дејствуваат во име на Москва, како наводни сторители на нападот што оштети клучна железничка линија што се користи за транспорт на оружје, патници и стока во Украина.
Руското министерство во четврток соопшти дека одлуката на полските власти да го затворат рускиот конзулат е „отворено непријателска и неоправдана мерка“ донесена „под апсурден изговор“.
По овие меѓусебни акции, единствените преостанати дипломатски мисии меѓу двете земји се руската амбасада во Варшава и полската амбасада во Москва.
Односите меѓу Варшава и Москва отсекогаш биле затегнати, но тие значително се влошија по инвазијата на Русија на Украина во 2022 година, при што Полска стана еден од клучните сојузници на Киев.
Регион
Речиси 9.000 Турци ја напуштиле Црна Гора по инцидентот со избодениот Црногорец и воведените визи
Од крајот на октомври, кога Владата на Црна Гора привремено воведе визи за државјаните на Турција, земјата ја напуштиле 8.935 Турци, соопшти Министерството за внатрешни работи за „Вијести“. Во истиот период биле поднесени 320 барања за виза, од кои 194 одобрени, 29 одбиени, а 97 се во постапка, според Министерството за надворешни работи.
Одлуката за повторно воведување визи уследи по инцидентот во подгоричко Забјело, кога беше ранет 25-годишен маж. Иако полицијата првично посочи турски државјанин како осомничен, подоцна се покажа дека напаѓачи биле двајца Азербејџанци.
Воведувањето визи предизвика критики и страв од економски последици, бидејќи Турците се меѓу најголемите инвеститори во Црна Гора, а турскиот капитал е присутен во околу 20 отсто од регистрираните фирми во земјата
Министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ изјави дека визите би можеле да бидат укинати „за 10 до 15 дена“, но конкретен датум не е наведен.
Експертите предупредуваат дека Црна Гора, за да го усогласи визниот режим со Европската унија, мора да изработи јасен план и да обезбеди дека либерализацијата нема да доведе до злоупотреби или проблеми со миграциите, бидејќи ЕУ бара строги гаранции за заштита на своите надворешни граници.
По воведувањето визи, следуваше серија ксенофобични инциденти низ земјата: напади врз турски локали, пожар во објекти, обиди за насилство и организирање „народни патроли“ кои бараа Турци по населбите. Полицијата уапси повеќе лица за насилство, потпалувања и ширење омраза.
Свет
Руте: На Путин не може да му се верува
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека потенцијалниот мировен договор во Украина мора да биде формулиран на таков начин што неговото почитување ќе биде во интерес на самата Русија, бидејќи, како што тврди тој, рускиот претседател Владимир Путин „не е сигурен партнер“. Пораките на Руте ги пренесува германскиот „RND“.
Тој нагласи дека Западот мора да се погрижи Москва „никогаш повеќе да не се осмели да нападне“, бидејќи, според него, последиците за Русија во тој случај би биле „катастрофални“. Покрај тоа, генералниот секретар на НАТО наведе можна временска рамка за завршување на војната, но не ги прецизираше деталите.
Руте ја повтори тезата дека „на Путин не треба да му се верува“ и дека се потребни повеќе гаранции и посилни механизми за да има трајна вредност секој договор.
Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин претходно, за време на средбата со словачкиот премиер, остро возврати на изјавите на западните претставници, нарекувајќи ги „специјалисти за хорор филмови“ поради, како што рече, хистеријата околу наводните руски планови за напад врз една од западните земји.
Путин ги окарактеризира овие тврдења како провокативни или „целосно некомпетентни“, додавајќи дека на сите им е јасно дека Русија „немала, нема и никогаш нема да има желба да нападне никого“.
Фото: ЕПА

