Свет
Иран на поетеса и’ забрани патување во странство
Режимот во Техеран продолжува со мерките насочени кон сите јавни личности кои дадоа поддршка за опозицијата, па така на најпозната иранска поетеса 82-годишната Симин Бехбахани и забраниле излегување од земјата, пренесе BBC
На Симин Бехбахани власtите и’ го одзеле пасошот кога таа требала да патува во Франција, што самата поетеса го потврдила на новинар на бритaнската информативна мрежа BBC. Таа потврдила дека во понеделник тргнала кон техеранскиот меѓународен аеродром за да отпатува на меѓунaродна конференција во Париз, на која требала да претстави документ за феминизмот и да рецитира нејзина поезија. Но тогаш, според Бехбахани, ја запрел непознат маж кој и’ го одзел пасошот и и’ соопштил дека и’ е забрането излегување од државата. Потоа била однесена не повеќечасовно испитување, по што и’ е наредено дека треба да се јaви пред судот.
Бехбахани во Иран е позната како поетеса на опозиција, која со нејзините последни стихови ја поддржува реформската политичка струја која ја предводат во Иран, Мирхосеин Мусави и Мехди Каруби. Исто така, таа е блиска и со Ширин Ебади, добитничката на Нобеловата награда за човекови права која од претседателските избори во јуни минатата година живее во егзил.
Претходно на почетокот од март, иранската полиција влета на семејна прослава во домот на познатиот ирански режисер Jафар Панахи и го уапси него и членовите од неговото семејство. Во текот на минатогодишните предвремени претседателски избори, Панахи, исто така, му даде поддршка на Мусави.
Иранската полиција го уапси 49-годишниот Jафар Панахи, неговите родители, сестрата и уште 15 гости. Личните предмети на режисерот и компјутерите исто така биле запленети.
И нему во февруари иранските власти му забранија да отпатува на филмскиот фестивал во Берлин.
Панахи во 2000 г. на Венецискиoт филмски фестивал ја доби наградата Златен лав за филмот „Круг“, а во 2006 г. на Берлиналето беше награден со Сребрена мечка за филмот „Офсајд“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Берлин под притисок: се бара дијалог меѓу Мерц и Путин
Германскиот канцелар Фридрих Мерц треба директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, изјави Адис Ахметовиќ, експерт за надворешна политика на фракцијата на Социјалдемократската партија на Германија во Бундестагот, во интервју за „Зидојче Цајтунг“.
Ахметовиќ оцени дека фактот што Берлин ги препушта преговорите на двајца американски претприемачи за недвижности – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – предизвикува значителна недоверба. Тој го изјави ова коментирајќи го трилатералниот состанок одржан во Абу Даби.
Според него, шефот на германската влада мора да покаже храброст и да преземе поактивна улога во процесот на решавање на конфликтот.
Пред состанокот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва позитивно ги оценила преговорите на делегациите на Русија, Соединетите Американски Држави и Украина во Абу Даби.
Свет
Данската премиерка: Светскиот поредок каков што го знаеме е завршен
Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека ерата на сегашниот светски поредок е завршена, велејќи дека не верува дека некогаш ќе се врати. Таа ја даде изјавата на јавен форум во Париз, каде што учествуваше со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, пишува „Гардијан“.
Обраќајќи се пред студентите, Фредериксен нагласи: „Светскиот поредок каков што го знаеме е завршен и не мислам дека ќе се врати“. Таа, исто така, предупреди дека „Русија не сака мир со Европа“ и ги повика Европа и САД да „се држат заедно“.
Осврнувајќи се на неодамнешните тензии со САД околу Гренланд, данската премиерка рече дека двете страни делат загриженост за безбедноста на Арктикот и дека ќе „се обидат да најдат заеднички пат со САД“.
Премиерот на Гренланд, Нилсен, исто така, зборуваше за последиците од тензиите со САД врз локалното население.
„Како влада, се соочуваме со задачата да се спротивставиме на надворешните притисоци и да се грижиме за нашите луѓе кои се исплашени и преплашени“, рече тој.
Европа
Холандија доби ретка малцинска влада и најмлад премиер во историјата
Лидерите на политичките партии во Холандија се согласија да формираат ретка малцинска влада, беше објавено во вторник.
Центристичката проевропска партија Д66, која победи на изборите во октомври минатата година, ќе ги здружи силите со конзервативните христијански демократи и десничарската VVD во коалиција која ќе има само 66 места во долниот дом на парламентот со 150 места.
Коалицијата, исто така, нема мнозинство во Сенатот, горниот дом на парламентот, што може да блокира закони донесени во долниот дом, и ќе треба да побара поддршка од опозициските партии за да ги спроведе своите политики.
Владата ќе ја предводи лидерот на Д66, Роб Јетен, 38, кој ќе стане најмладиот премиер во холандската историја.
Се очекува пратениците на партиите да го ратификуваат договорот за коалиција во наредните денови, а формалната презентација се очекува во петок.
Останатите позиции во кабинетот ќе бидат пополнети во наредните недели, а се очекува новата влада официјално да биде именувана во рок од еден месец.

