Свет
Шест мртви во напад на хуманитарни здруженија во Пакистан
Најмалку шест лица загинале во среда во напад на вооружени лица врз канцеларијата на американската хуманитарна организација Вордл Вижн на северозапад од Пакистан, меѓу четири се домашни службеници
Канцеларијата на организацијата се наоѓала во близина на местото Огхи во регионот Маншаре.„Вооружена група мажи ја нападна канцеларијата на невладината организација World Vision. Пукаа врз просториите и во нив фрлаа гранати“, изјавил за Frаnce Press претставник на локалната полиција.„Засега имаме потврда дека се убиени пет лица, меѓу кои две се жени. Шест лица се потешко ранети, а персоналот беше блокирано во канцеларијата“, изјавил во телефонски разговор, регионалниот портпарол организацијата, Рине ван Велзен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: На Украина и’ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев.
„Многу е важно што САД сега ги зголемуваат резервите. Ова е неопходно за да се изедначи ситуацијата. Благодарен сум на нашите партнери, а темпото на снабдување треба да биде такво што ќе го забави темпото на руските напади“, рече Зеленски во неговото редовно вечерно обраќање, објави „Униан“.
Зеленски истакна дека на Украина и треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека му наложил на Пентагон да продолжи да ја зголемува испораката на оружје за Украина.
Тој додаде дека во последните месеци Вашингтон префрлил стотици проектили за противвоздушна одбрана во Украина, а уште повеќе се на пат за испорака.
Свет
Украинците првпат заробија севернокорејски војник
Припадниците на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во борбите со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна синоќа се прошири преку проукраинските канали на социјалните мрежи, а утринава ја потврди и јужнокорејската разузнавачка агенција.
Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг испрати свои војници во Русија за да помогнат во војната против украинските трупи во рускиот регион Курск.
Потврдата од Јужна Кореја дојде откако на Телеграм кружеше фотографија на која очигледно се гледа ранет и заробен севернокорејски војник. Северна Кореја испрати повеќе од 10.000 војници за да и помогне на Русија, тврдат Киев и Сеул, иако ниту Москва ниту Пјонгјанг не го потврдија или негираа нивното присуство.
„Ова е прво фаќање“, изјави за Би-Би-Си Јанг Ук, научен соработник во Азискиот институт за политички студии. За Украинците е покорисно да ги фатат овие севернокорејски војници и да се обидат да ги разменат со Русите за украински воени заробеници.
Неодамнешните фотографии кои се појавија од руско-украинската војна ги потврдија шпекулациите дека „севернокорејските сили ќе бидат испратени на фронтот од руската команда во голем број“, додаде Јанг. Тој исто така додаде дека „ќе биде тешко да се докаже нивната севернокорејска националност“.
Украинските сили велат дека на севернокорејските војници им биле издадени лажни руски лични карти, а украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец тврдеше дека руски војници биле видени како ги палат лицата на севернокорејците кои загинале во борба, наводно за да го сокријат нивниот идентитет.
Повеќе од 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите во областа Курск во Русија, изјави Зеленски во понеделникот. Тој додаде дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг го зголемува „ризикот од дестабилизација“ околу Корејскиот полуостров.
Русија започна сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Неодамнешното распоредување на севернокорејски трупи во Русија е знак за растечкиот сојуз меѓу двете земји.
Кина, долгогодишен сојузник на двете страни, исто така внимателно ја следи ситуацијата.
Свет
ОН: Израелските воздушни напади врз Јемен се алармантни
Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека израелските воздушни напади врз јеменскиот меѓународен аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните се алармантни.
Израел потврди дека вчера погодил повеќе цели поврзани со проиранските Хути во Јемен, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Сана. Медиумите блиски до Хутите јавуваат дека загинале најмалку шест лица.
„Денешните израелски воздушни напади врз меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните во Јемен се особено алармантни“, рече портпаролот на генералниот секретар на ОН на брифинг со новинарите, изразувајќи загриженост за ризикот од натамошна регионална ескалација.