Свет
Во Мексико грабнати осум новинари а еден убиен
Од осум новинари кои се грабнати во периодот меѓу 18 февруари и 3-ти март во северната мексиканска државата Тамаулпас еден е најден мртов, објавија во петок тамошните новинарски здруженија. Во северниот град Хуарес, пак, најмалку пет лица се убиени во престрелка
Судските власти соопштиле дека досега добиле пријава само за едно грабнување. Според информацијата на Репортери без граница (RSF) и Интерамериканското новинарско здружение (SIP), убиен е 40-годишниот Хорхе Рабаго кој работел за локалното радио Rey.Рабаго е четвртиот убиен новинар во Мексико од почетокот на годинава, а се претпоставува дека зад грабнувањата на новинарите стојат локалните нарко картели.На 2-ри март беа најдени остатоците на мексиканскиот новинар Родолфо Ринкон кој беше грабнат во 2007 г. Тој бил масакриран и спален а неговите остатоци биле најдени во бочва во мексиканската држава Табаско.Најмалку пет лица се убиени, а пет ранети во напад на вооружена група во мексиканскиот град Хуарес, лоциран во близина на границата со САД. Нападот се случил пред куќата на 18-годишно момче кое пред два дена било пронајдено мртво во својот автомобил. Пред куќата биле пронајдени и телата на загинатите во престрелката. Меѓу загинатите е и десетгодишно девојче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

