Свет
Крвави нарко пресметки во Мексико, најмалку 24 убиени
Најмалку 24 лица се убиени во меѓусебни пресметки на нарко бандите во Мексико, јавуваат медиумите
Според истите извори, 11 лица загинале во вчерашната престрелка меѓу војската и нарко банда во гратчето Ајучитлан дел Прогресо, а полицијата соопшти дека меѓу убиените е и еден војник. Полицијата во Акапулко ги пронашла телата на двајца мажи со отсечени глави.Во блиското село вооружен напаѓач застрелал петмина полицајци кои биле во патрола, а полицијата на истото подрачје пронашла тела на уште петмина убиени мажи, од кои на двајца им биле отсечени главите.Во предградие на Акапулко е пронајдено тело на уште еден застрелан човек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

