Свет
Паника во Грузија заради вест за руска инвазија
Прилог на грузиска телевизија во саботата навечер предизвикал голема паника меѓу населението, бидејќи содржел лажна вест за инвазија на руски тенкови и дека е убиен премиерот Михаил Саакашвили
Иако провладината телевизија Imedi TV го емитувала прилогот под насловот „Имитирање на можните случувања“, адиториумот очигледно тоа така не го сфатил. За многу кусо време во главниот град Тбилиси завладеала голеам паника, луѓето истрчале на улиците а сите мрежи на телефонските оператори биле паднати од безбројните повици, пишува Reuters. Лажната информација молскавично се пренесла низ цела Грузија, а имала реакција и во Русија, пренесе Интерфакс кој додава дека за ова радиото Еко Москви дури и ја прекинало редовната програма. Од Кремљ, еден од портпаролите за Reuters само кусо изјавил дека „едноставно не коментираат такви глупости“ Заради големата паника морала да реагира и портпаролката на грузискиот премиер Михаил Саакашвили, Манана Мањагалаѕе која веднаш побарала телевизијата од објасни дека прилогот не е вистинит. Таа изјавила дека премиерот ја испратил да објасни дека пред емитувањето на прилогот требало да оди и вербална порака за неговата неавтентичност. По расчистувањето на ситуацијата граѓаните ја нападнале телевизијата и властите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.