Свет
Меркел бара механизам за исклучување земји од еврозоната
Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека има потреба од механизам за исклучување земји кои постојано ги прекршуваат финансиските правила од еврозоната
Во своето обраќање пред Парламентот, денеска, Меркел рече дека постојат држави кои треба да бидат исклучено од еврозоната која ја сочинуваат 16 земји. Како причина за ваквото мислење, меркел наведува дека тие постојано ги прекршуваат финансисклите правила, пренесува Асошиејтед Прес.Таа повтори дека Германија нема намера да даде финансиска поддршка на Грција, велејќи дека „нема алтренатива за грчката програма за штедење. Под притисок на Европската Унија за контрола на финансиите Грција се заложи да го намали буџетскиот дефицит и да го доведе на ниво од 3 отсто до 2012 година. „Грчката Влада покажа голема храброст“, рече Меркел, пренесуваат германските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

