Свет
Отруени пет деца во ритуал на црна магија
Индиска брачна двојка е осомничена дека во ритуал на црната магија отрула пет деца
Ритуалот на жртвување на децата бил изведен со цел двојката да има свои деца, соопштила локалната полиција за трагедијата во индиското село Диграс. Двојката била уапсена, како и родителите на осомничениот сопруг, а соопштено е дека се чека официјалниот наод од обдукцијата„Првиот смртен случај се одиграл во демекмври минатат година, а последниот овој месец“, изјавил истражителот Шеик Андул Рауф. Тој додал дека полицијата ја истражува и улогата на локалниот шаман кој на сопружницте Витал и Вандани Мокле им советувал обредно жртвување на 11 деца според ритуалите на црната магија. „По разговорот со селаните ја истраживме улогата на фамилијата Мокле во врска со смртта на децата. Постојат индиции дека биле вмешани во тоа, па затоа ги уапсивме“, додал Рауф. Сите отруени деца биле на возраст од две до четири години а биле во сродство. Селото Диграс во кои ритуалите биел правени имало околу 300 жители и броело 30 до 40 куќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ако загубам во ноември, Евреите ќе изгубат многу
Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, на настан во Вашингтон, чија цел е борба против антисемитизмот, изјави дека ако загуби во ноември, „Евреите ќе изгубат многу“.
„Нема смисла“, рече Трамп за Евреите кои гласаа за потпретседателката на САД и демократска кандидатка Камала Харис, објави Политико.
Трамп рече дека секој Евреин што гласа за неа треба да ја прегледа главата.
Регион
(Видео) Maж падна од опасна карпа на Паг и почина, спасена алпинистка
При искачување на опасна карпа на Паг, еден маж почина, а една жена беше спасена во голема операција на хрватската служба за спасување.
„Добивме пријава во 13 часот и 32 минути дека две лица наводно се качувале на карпа кај Метајна. Едното лице паднало и починало. Другото е на карпата. Засега не може да им се пристапи од копно“, рекоа од полицијата.
Покрај полицијата, на местото на настанот има и други служби за итна помош – брза помош, пожарникари.
Малку по 17:00 часот од карпите е спасена жена, откако спасувачите со чамци се приближиле до карпата од морската страна.
Свет
Германија планира да и даде на Украина уште 400 милиони евра воена помош
Германската влада има намера оваа година да одвои дополнителни 400 милиони евра за воена поддршка на Украина, се наведува во писмото на Министерството за финансии до Комисијата за буџет на Бундестагот.
„Германската влада планира краткорочно да одвои дополнителни 400 милиони евра за воена поддршка на Украина“, се наведува во писмото, пренесува Handelsblat.
Државниот секретар за финансии Флоријан Тонкар, кој го потпиша писмото, укажа на опасноста „Украина да претрпи пораз во одбранбената кампања без значително зголемена материјална поддршка“.