Свет
Русија и САД пред потпишување на START
Двете водечки супер сили се пред постигнувањето на новиот договор за нуклеарно разоружување, соопштија во четврток американската државна секретарка Хилари Клинтон и нејзиниот домаќин, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров
„Блиску сме до договор и се надеваме дека преговарачите набрзо ќе го објават завршувањето на нивната работа“, изјавил Сергеј Лавров кој додал дека сега треба да се договори што ќе им се предложи на претседателите на државите, вклучувајќи го и датумот и местото каде ќе се потпишат конечните документи.Хилари Клинтон изјавила дека напредокот постигнат во новиот START e, огромен, како што се изразила американската државна секретарка. Според Клинтон, од резултатите на последниот круг од преговорите се насетува дека брзо ќе дојде до конечен договор.Руските и американските преговарачи во последните шест месеци редовно се состануваат во Женева работејќи на изработката на новиот документ кој ќе го замени договорот START 1 кој истече на крајот од 2009 г. Меѓутоа, Клинтон не пропушти да го изрази своето незадоволство од одлуката на Русија кон средината на 2010 г. да ја почне првиот реактор на нуклеарна централа во иранскиот Бушер, оценувајќи ја таа одлука како „прерана“.Рускиот министер за надворешни работи на оваа забелешка возврати дека Бушер е важен за одржувањето на присутноста во Иран на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) при Обединетите нации.Градењето на централата во Бушер ја почна германската компанија Siemens пред Револуцијата во 1979 г. Потоа изградбата беше запрена на почетокот од војната меѓу Иран и Ирак во 1980 г., а Русија го продолжи проектот во 1994 г. Инаку Клинтон два дена престојува во Москва официјално заради седницата што во петок ќе ја одржи ткн. Квартетот за Блискиот Исток, составен од претставниците на Европската Унија, Русија, САД и на Обединетите нации, како симбол на меѓународната поддршка на обновениот израелско-палестински мировен процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

