Свет
Кристиен Аманпур заминува од Си-Ен-Ен
Кристиен Аманпур, едно од најпрепознатливите лица на телевизијата Си-Ен-Ен, ја напушта телевизијата и преминува во конкурентската куќа, Еј-Би-Си
Познатата телевизиска новинарка Кристиен Аманпур по долгогодишна кариера во Си-Ен-Ен ќе премине во конкурентската Еј-Би-Си каде ќе биде уредник и водител на емисијата “This Week“.Педесет и двегодишната Аманпур која е родена во Лондон од татко Ирец и мајка Британката својата новинарска кариера во последните 27 години ја градеше во Си-Ен-Ен известувајќи од најголемите воени жаришта како Ирак, Сомалија, Руанда, Авганистан и просторите на поранешна Југославија.Аманпур е една од ретките новинарки која успеа да го изгради угледот на Си-Ен-Ен известувајќи за најактуелните вести ширум светот.Според шпекулациите Амнапур се одлучила на ваков чекор откако економската криза го погоди медиумскиот сектор, а Еј-Би-Си направи реорганизација која вроди со добри резултати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп: Ќе ја завршам војната во Украина, ќе ја спречам Третата светска војна
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека ќе го „запре трансродовото лудило“ на првиот ден од неговото претседателствување, додека републиканците, кои ќе ги контролираат двата дома на Конгресот и Белата куќа во новиот мандат, ќе го продолжат притисокот врз правата на ЛГБТК.
„Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на детското генитално осакатување и отстранување на трансродовите луѓе од војската и нашите основни и средни училишта“, рече новоизбраниот претседател на настанот за млади конзервативци во Феникс, Аризона.
Во говорот во неделата, Трамп даде големи ветувања за втор мандат и ги окарактеризира како темна слика, четирите години што му претходеа под претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.
Тој ја победи Камала Харис на претседателските избори во ноември 2024 година.
⚡️Trump announces plans to meet with Putin "as soon as possible" to end the war.
"President Putin said he wants to meet with me quickly. We’re waiting for that, but we need to end this war," stated the U.S. President-elect in Phoenix. pic.twitter.com/nPA95LjZ3r
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) December 22, 2024
„На 20 јануари САД засекогаш ќе ја свртат страницата по четири долги, страшни години неуспех, неспособност, национално распаѓање и ќе инаугурираме нова ера на мир, просперитет и национална големина“, рече Трамп, укажувајќи на неговата инаугурација.
„Ќе ја завршам војната во Украина. Ќе го запрам хаосот на Блискиот Исток и ќе спречам, ветувам, Трета светска војна“.
„Златното доба на Америка е пред нас“, додаде тој. Новоизбраниот претседател допрва треба јавно да објасни како планира брзо да ја заврши војната во Украина или да донесе мир на Блискиот Исток.
Европа
Се заканувал преку Тикток дека ќе изврши злосторства на божиќен пазар во Германија, веднаш бил уапсен
Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал преку Тикток, дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.
Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влета со својот автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а повред 200 лица.
Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие.
Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.
Европа
Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.
Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината пријава моментално ја оценуваат руските власти.
Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон, објави Би-би-си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година на 25-годишна возраст.
Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.
Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.