Свет
Во северозападен Пакистан најмалку 32 убиени
Во судирите на припадниците на провладините пакистански племиња со бунтовниците, како и во нападите на военото воздухопловство во сабота во северозападниот дел од земјата загинале најмалку 32 лица, повеќето исламистички бунтовници
Како што јавија агенциите, пакистанското воено воздухопловство ги бомбардирало позициите на палестинските талибани во Оракази, еден од седумте окрузи во племенскиот паштунски регион на границата со Авганистан, при што биле убиени најмалку десет бунтовници.„Неутврден број терористи се ранети, а воздушните удари уништиле пет нивни засолништа и логори за обука’, изјавил за агенцијата DPA пакистански разузнавач барајќи анонимност.Воздушните удари зачестија во периодот кога пакистанската армија планира офанзива во овој регион. Се верува дека во овој регион се сокриле повеќе стотини телибани пред офанзивата што подолго време трае во соседната покраина Јужен Вазиристан. Таа офанзива ги натера во бегство бунтовниците во соседниот племенски округ Курам каде локалното население формираше милиција за борба против бунтовниците.Борбите почнале кога исламистичките бунтовници нападнале припадници на милицијата (лашкар), при што убиле двајца полицајци и ги запалиле нивните куќи.„Според информациите кои досега ги добивме, во борбите кои се’ уште траат се убиени 20 исламски милитанти и двајца припадници на лашкарите“, изјавил друг разузнавач за DPA.Околу три илајди старешни кои ги претставуваат дваесетте паштунски племиња во племенскиот регион и северозападната гранична покраина во саботата се состанале во Пешавар за да се договорат за борба против талибаните. Во завршната декларација од собирот, претставниците на племињата од војската побарале да го скрши отпорот на талибание, пренесе Reuters.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

