Свет
Шефер бара повеќе пари за реформи на НАТО
Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер ги повика денеска 26 -те земји – членки на овој воен сојуз да издвојат повеќе пари за внатрешни реформи.
Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер ги повика денеска 26 -те земји – членки на овој воен сојуз да издвојат повеќе пари за внатрешни реформи. “Реструктуирањето на НАТО чини пари… тоа не е евтино“, изјави Шефер на конференција во Брисел, посветена на трансформацијата на НАТО и нејзината улога по завршувањето на Студената војна. “Постои општ тренд на се помалку издвојување пари за одбрана, што воопшто не ме прави среќен“, рече Шефер. Тој, како што пренесува Макфакс, ги повика земјите – членки на НАТО да ги утврдат новите политички приоритети. „Алијансата добро напредуваше во трансформацијата од сојуз за одбрана од територијални закани, во сила што глобално дејствува, првенствено на зачувување на мирот и стабилноста, но има уште многу работа“, оцени Шефер . Тој го повтори и барањето за интензивирање на политичкиот дијалог во рамки на НАТО. “Воената способност губи на вредност, ако не можеме да се согласиме околу тоа како ќе ја искористиме“, изјави Шефер, залагајќи се силите за брза интервенција на НАТО, кои бројат 20,000 војници, многу брзо да станат оперативни, вклучувајќи и нивно користење за дејствување во услови на природни катастрофи. “Тие единици не смееме да ги оставиме да чекаат и да собираат прашина“,. порача генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер./крај/хи/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.
Свет
(Видео) Евакуиран аеродромот „Гетвик“, лондонската полиција го истражува безбедносниот инцидент
Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.
Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.
❗️London Gatwick Airport’s South Terminal Evacuated Due To ‘Security Incident’
📹 @SportsProNick pic.twitter.com/1SD5Bi8Y7S
— RT_India (@RT_India_news) November 22, 2024
Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била мерка на претпазливост додека полицајците истражуваат безбедносен инцидент.
И Амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.