Свет
Во Мексико убиени 14 лица, меѓу нив тројца полицајци
Четиринаесет лица меѓу кои тројца се полицајци се убиени во северната мексиканска сојузна држава Чихуахуа во судири на нарко картелите соопштија локалните власти
Девет убиства меѓу кои и едно на сојузен агент се случиле во Сидуад Хуарез кој е најсмртоносното мести на светот. Градот има 1,3 милиони жители и се наоѓа крај границата со сојузната американска држава Тексас, односно на патот на дрогата кон скапиот американски нарко пазар што е причината за повеќегодишната крвава војна за контрола на територијата меѓу локалните банди кои работат за големите мексикански нарко картели. Во петокот навечер вооружена група нападнала тројца сојузни агенти на влезот од хотелот во центарот на градот, Притоа едниот агент бил убиена а другите двајца биел тешко ранети. Други двајца полицајци биле убиени во нивното возило во Сиудад Хуарез, а вчера било најдено и телото на полицаец кој две седмици се водеше како исчезнат. Уште шест други лица во петокот во разни престрелки ги загубиле животите во Сиудад Хуарез, а петмина истиот ден се убиени во градот Чихуахуа, во истоимената држава. Во минатата 2009 г., во војната која беснее од 2006 г. меѓу мексиканските нарко картелии, како и во нејзините пресметки со полицијата и војската, се убиени повеќе до 2.650 луѓе, додека во 2008 г. во овој мексикански град беа забележени 1.653 убиства. Но медиумите тврдат дека тоа било сокривање на вистинските податоци заради губењето на викенд туристите од САД.Градот е особено важен за големите криумчари на дрога затоа што низ него минува важен канал за префрлување во САД кој води до Ел Пасо во Тексас. Во војната во која се случуваат брутални убиства и дрски напади и ливкидации на полицајци, војници и шленови на нивните семјства како и носители на високи фукции, најжестоки се картелите Хуарез и Синелоа.И покрај распоредувањето на 8.500 војници во градот и околината, наркокартелите во Хуарез и во целата сојузна држава Синалоа не ја смалуваат жестината на меѓусебните пресметки и нападите врз полицијата и војската. Од крајот на 2006 г. во војната на наркокартелите се убиени околу 17 илјади луѓе. Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон распореди 50 илјади војници како засилување за полицијата, но тоа воопшто не влијае врз запирањето на бруталната војна.Сиудад Хуарез е најопасниот град во последните три години. По војната меѓу бандите за превласт на територијата, насилството не се намали ниту откако беа ангажирани и силни федерални и воени единици. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавина во Австрија, двајца сноубордери загинаа
Двајца австриски сноубордери кои беа надвор од пистата на глечерот Штубај во Тирол, западна Австрија, загинаа во лавина, објави полицијата.
Мажите, на возраст од 37 години, кои не се вратиле откако излегле на снегот, беа пронајдени синоќа, но спасувачките служби можеа само да ја потврдат смртта, соопшти австриската полиција по големата потрага во која учествуваа спасувачи, кучиња и дронови.
Лавините низ Алпите веќе одзедоа десетици животи од почетокот на сезоната, а многу скијачки центри издадоа предупредувања за лавини. Во регионот каде што се случи последниот инцидент, во последните денови е во сила предупредување за лавина од ниво 4 на скала од 5 поради големи количини на нов снег.
Во соседна Италија, двајца скијачи загинаа во лавина во неделата, а третиот е во сериозна состојба.
Фото: depositphotos
Свет
Републиканец тврди: Досиејата за Епстин се кријат поради врски со Израел
Републиканскиот конгресмен, Томас Масие, изјави дека документите поврзани со починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин ѝ се ускратуваат на јавноста поради неговите наводни блиски врски со израелските и американските разузнавачки служби.
Според Масие, причините за блокирање на објавувањето на досиејата лежат и во тоа што тие би можеле да компромитираат влијателни милијардери и политички донатори.
Масие смета дека постои организиран напор да се спречи објавувањето на документите. „Постои настојување ова да се запре и верувам дека ќе се обидат да го запрат и на друго место, но тоа ќе им се врати како бумеранг“, изјави конгресменот.
Во изминатите години, Масие се позиционираше како еден од почестите републикански критичари на Трамп, јавно разидувајќи се со него по прашања од надворешната политика, извршните овластувања и транспарентноста на власта.
Во последните недели беа објавени нови документи поврзани со врските на Епстин со влијателни личности, во кои Трамп се споменува повеќе илјади пати. Се проценува дека остануваат уште околу два милиона необјавени списи. Опозицијата, критичарите, но и дел од републиканците, изразуваат сомневање дека актуелната администрација го крие целосното објавување на документите и ги цензурира објавените со цел да заштити влијателни личности.
Свет
Орбан: Нападите од Украина врз мене достигнаа ново ниво
Украинскиот претседател директно се вклучи во изборната кампања на Унгарија со напаѓање на нејзината влада, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој рече дека политичките напади од Украина достигнаа ново ниво, објави унгарската новинска агенција МТИ.
„Кога претседателот (Володимир) Зеленски ме напаѓа лично затоа што не го поддржуваме забрзаното пристапување на Украина во Европската Унија, тој всушност ја доведува во прашање суверената одлука на унгарскиот народ“, тврди лидерот на Фидес.
Орбан верува дека Унгарците покажаа дека не сакаат Украина да стане дел од ЕУ во анкетата Vox2025. Ова е владина иницијатива за необврзувачка национална консултација спроведена во 2025 година. Во земја со околу 9,6 милиони луѓе, владата тврди дека 2,2 милиони луѓе учествувале во анкетата.
„Како премиер на Унгарија, моја должност е да ги исполнувам одлуките на унгарскиот народ. И ќе го правам тоа, одново и одново, без разлика дали на претседателот Зеленски му се допаѓа или не“, заклучи Орбан.
Премиерот на Унгарија, земја која беше исклучително зависна од руската енергија пред војната во Украина, и за која критичарите велат дека не е подготвена да се откаже од оваа поповолна финансиска опција, неодамна ја прогласи Украина за „непријател“ на Унгарија.
„Украинците мора да престанат постојано да бараат во Брисел да се прекине протокот на евтина руска енергија кон Унгарија“, рече Орбан минатата недела.
„Додека Украина го прави ова, таа е наш непријател“, заклучи унгарскиот премиер, кој ја посети Москва најмалку три пати од почетокот на офанзивата во Украина.
Орбан ги претставува изборите во април како одлука „за војна или мир“, а аналитичарите веруваат дека тој одлучил да се фокусира на украинското прашање во кампањата за да избегне да зборува за унгарската економија, која стагнира по зголемената инфлација.
фото/Depositphotos

