Свет
Четворица бунтовнички водачи убиени во американски напад во Пакистан
Во американски ракетен напад во северозападен Пакистан во близина на авганистанската граница, биле убиени четири лица осомничени дека се високо позиционирни во врвот на Ал Каеда и талибаните, соопштил извор од пакистанското разузнавање
Една од двете ракети истрелани од беспилотното американско летало tја погодила ракетите која бунтовниците ја користтела како засолнишште, при што биле убиени четири лица а ранети петмина други, соопштиле официјални претставници на локалните власти. Вториот проектил експлодира во близина на гаѓаниот објект. Идентитетот на убиените се’ уште не е утврден, рекол соговорникот на Reuters.Нападот се случил во близината на Мир Али, вториот по големина град во покраината Северен Вазиристан, каде се наоѓаат поголемиот дел од засолништват и базите на борците кои се лојални на борци лојални на пакистанскиот водач на милитантите, Хафиз Бахадур Ѓул, кој е сојузник на Ал Каеда и на авганистанските талибани кои ја минуваат границата пред нападите на сојузничките сили.САД ги засили нападите со беспилотни летала Северен Вазиристан, откако na 30-ти декември бомбаш самоубиец уби седум агенти на CIA во нивната база во источниот авганистанската провинција Хост.Американските власти сметаат дека овие напади се најефикасното оружје против Ал Каеда и талибаните кои се засолнуваат во тешко достапните паштунски племенски региони во високите планини меѓу двете Пакистан и Авганистан. Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитети, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор на двете влади. Покрај тоа пакистанската влада предупредува дека во воаквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„ВизЕр“ и „ФлајДубаи“ организираат летови за враќање на Унгарците од Блискиот Исток
Унгарија организира враќање на своите граѓани кои се заглавени на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот. Два авиона, секој со 90 патници, ќе полетаат од Аман, Јордан, утре и четврток, изјави денес министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
Тој додаде дека е можно да се влезе во Јордан од Израел преку два копнени гранични премини. Во исто време, „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови од Египет, а авиокомпаниите од Обединетите Арапски Емирати исто така делумно го обновуваат сообраќајот, објавува Daily News Hungary.
Во гостувањето во подкастот „Час на вистината“, Сијарто објасни дека во Израел има многу унгарски граѓани кои можат да ја напуштат земјата со одење во Јордан или преминување во Египет преку граничниот премин отворен 24 часа на ден.
За да се олесни враќањето на Унгарците што пристигнуваат во Египет, авиокомпанијата „ВизЕр“ го зголемува бројот на летови до Шарм ел Шеик од сегашните три на десет неделно, потврди министерот.
„Воздушниот сообраќај од Обединетите Арапски Емирати е делумно обновен, а авион на ‘ФлајДубаи’ полета за Унгарија попладнево“, објави Сијарто на „Фејсбук“.
Министерот потсети на напнатата ситуација во регионот, наведувајќи дека Иран ги продолжил своите сеопфатни напади врз земјите од Заливот преку ноќ и дека беспилотни летала биле насочени и кон амбасадата на САД во Ријад.
„Повеќето земји сè уште го држат својот воздушен простор затворен“, рече Сијарто, додавајќи дека „Катар ервејс“ сè уште не дал информации за продолжување на летовите.
Од друга страна, тој го потврди денешниот лет на „ФлајДубаи“, кој превезува патници со веќе купени билети.
„’Емирејтс’, исто така, ги обнови летовите, а неколку унгарски граѓани веќе го напуштија регионот, летајќи кон разни европски дестинации“, заклучи министерот.
Свет
Шпанија одговори на заканите на Трамп за прекин на трговските односи
Шпанската влада одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за прекинување на трговските односи со Шпанија, која ја нарече „ужасен“ сојузник поради наводно несоработка во врска со воените бази.
Во соопштението, владата посочува дека ако Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, „ќе мора да го стори тоа почитувајќи ја автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу Европската Унија и САД“, објави RTVE.es.
Владата, исто така, ја бранеше позицијата дека Шпанија е клучна членка на НАТО која ги исполнува своите обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија.
„Ние сме исто така извозна сила на ЕУ и сигурен трговски партнер за 195 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и САД, со кои одржуваме историски и меѓусебно корисни трговски односи“, се наведува во соопштението.
И покрај сè, Мадрид посочи дека Шпанија ги има потребните ресурси за ублажување на евентуалните удари, за помош на секторите што би можеле да бидат погодени и за диверзификација на синџирите на снабдување.
Во секој случај, се додава во соопштението, волјата на владата е и секогаш ќе биде да се залага за слободна трговија и економска соработка меѓу земјите, со меѓусебно почитување и почитување на меѓународното право.
фото/Depositphotos
Свет
Израелска војска: Нападнавме таен ирански нуклеарен комплекс
Израелските воздухопловни сили нападнаа тајна иранска нуклеарна локација во предградието на Техеран порано денес, објави израелската војска.
На прес-конференција, портпаролката на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин, изјави дека група нуклеарни научници „тајно работеле на развој на капацитети потребни за нуклеарно оружје“ во делумно подземниот објект.
Според ИДФ, по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни 2025 година, за време на која цел беа иранските нуклеарни објекти, Иран „не ги запрел своите воени нуклеарни активности и продолжил да развива капацитети потребни за нуклеарно оружје, истовремено преместувајќи ја инфраструктурата на подземна локација заштитена од воздушни напади“.
ИДФ соопшти дека ги следела активностите на иранските нуклеарни научници и „ја лоцирала нивната нова локација, што овозможило прецизен удар врз тајниот комплекс“.
фото/Depositphotos

