Свет
Во Вашингтон, убиени тројца од автомобил во движење
Во пукотници од автомобил во движење убиени се тројца, а повредени шест лица во Вашингтон, САД, пишува Вашингтон пост
Со рафално пукање од автомобил во движење биле погодени девет души кои случајно поминувале по улица во југоисточниот дел од градот. Како што соопшила шефицата на полицијата, Кети Лејнер, пукањето се случило околу 19.30 часот, а погодени биле три жени и шесмина мажи на озраст од 20 до триесет години меѓу кои и еден тинејџер.Едната жртва починала на лице место, другиот бил мртов на влезот од болницата, а третата жртва починала за време на операцијата. Четврта жртва се бори за живот и е во критична состојба, велта од болничкиот Центар.Тројца се уапсени за нападот, под сомнение дека тие се извршители на злосторството за кое од полицијата велат дека немале мотив.Четворица полицајци се повредени во обид да ги уапсат сторителите, додека се бркале по улиците на Вашингтон.Лицата се уапсени, а пронајдено е и оружјето од кое е пукано.Во соседството каде е извршено злосторството се наоѓа резервоарот за вода и воздухопловна база. Пост пишува дека тој дел од градот има проблеми со справување со криминалот. Изненадените жители за медиумите изјавиле дека областа не елошо место за живеење и дека не е опасно.Статистиката за Вашингтон вели дека лани се пријавени 143 убиства, што е најмала бројка за последните 50 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.