Контакт

Свет

Светските велесили се договорија за санкции за Иран

Објавено пред

Шесте водечки држави меѓу кои и Русија и Кина во среда се договорија дека ќе почната да работата на подготовка на нови санкции за режимот во Техеран заради неговата нуклеарна програма, изјавил за Reuters дипломатски извор близок на преговорачките тимови

Изворот на агенцијата рекол дека претставниците на САД, Велика Британија, Франција и Германија се договориле со Русија и Кина, со посредство на конференциска телефонска врска, а работата на резолуција на Советот за безбедност при Обединетите нации  ќе почнат следните неколку дена.Утрово министрите за надворешни работи од земјите на Г-8 во вторникот во канадското место Гејтин близу Отава го завршија дводневниот состанок најавувајќи нова насока на притисоци врз Иран за неговата нуклеарна програма, за која се согласни дека е воена.Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека членките на Г-8 ќе се договорат за нов круг санкции против Иран за неговото нуклеарно вооружување. Нејзината изјава дојде откако министрите за надворешни работи на осумте држави заклучиле дека активностите кои ги спроведува Техеран јасно покажуваат за каква нуклеарна програма станува збор, иако иранскиот режим е истраен на тоа дека своите атомски постројки ќе ги користи за мирнодопски и медицински цели.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Србија отворена најголема ковид-болница со 930 легла

Објавено пред

Во белградското предградие Батајница отворена е новоизградена ковид-болница со 930 легла, во девет одделенија и 250 места на интензивна нега.

Премиерката Ана Брнабиќ оцени дека новата болница започнува со работа „во најтешкиот момент“, кога со денови се регистрираат голем број новозаболени лица, а на ковид-одделенијата секој ден пристигнуваат речиси 800 пациенти.

„ Добиваме модерна болница во тешки моменти, кога притисокот врз нашиот здравствен систем е континуиран веќе девет месеци“ посочи Брнабиќ.

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар објави дека најмалку 1.500 лекари, медицински сестри и техничари ќе работат во новата болница, но дека „1.600 се потребни за полн капацитет“. Лончар истакна дека се покажало дека „новата болница е од непроценливо значење не само за Србија, туку и за целиот регион“, бидејќи 250 места на интензивна нега ќе ги олеснат другите здравствени установи.

Србија добива нови болнички капацитети во време кога членовите на Кризниот штаб и независни експерти ја проценуваат епидемиолошката состојба како „катастрофална“, со оглед на тоа што во последните неколку дена бројот на нови пациенти и пациенти во болницата е скоро изедначен.

Српската влада донесе нови, построги епидемиолошки мерки.

Прикажи повеќе...

Свет

Симптоми кои можат да се јават по вакцинацијата со „Спутник V“

Објавено пред

Граѓаните на Москва, кои веќе почнаа да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, добиваат упатства за пациенти, како и потврда за извршена имунизација, кои содржат список со симптоми, кои можат да се јават по вакцинацијата, како и совети како да постапат во секој од наведените случаи.

Во упатствата се наведува дека секој десетти човек, вакциниран со вакцината „Спутник V“, може да почувствува слабост или мачнина. Во повеќе случаи вакцинацијата добро се поднесува.

Ако се јави физичка слабост, нема причина за грижа, тоа е нормална индивидуална реакција на организамот и еден од знаците за формирање имунитет. На оние кај кои по вакцинацијата ќе се јави слабост, општ замор и мачнина, им се советува да ја намалат физичката активност и повеќе да одмораат.

Исто така се нагласува дека кај 5,7 проценти од вакцинираните, може да се јават болки во коските, грозница, главоболка или температура повисока од 37 степени.

Кај 4,7 проценти може да се јави болка, оток, чешање и црвенило на местото од вакцинацијата. По правило, лекување не е потребно, но може да се земе лек против алергија за да се намали отокот и чувството на нелагодност.

Еден и пол процент од вакцинираните пациенти може да имаат затнат нос, течење на нос или чувство на скокотливост во грлото. На нив им се советува да пијат многу течности и користат спреј за нос.

Кај помалку од 1 процент, пак, може да дојде до забрзување на пуслот или повишен крвен притисок.

Рускиот претседател, Владимир Путин, претходно побара од потпретседателката на владата, Татјана Голикова следната недела да почне масовна вакцинација против коронавирус.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на разузнавањето на САД: Кина е најголемата закана за демократијата

Објавено пред

Шефот на американското разузнавање Џон Ретклиф оцени дека Кина е најголемата закана за демократијата и слободата во светот од Втората светска војна, додека Вашингтон го заострува издавањето визи на членовите на кинеската Комунистичка партија.

Во статија објавена во „Волстрит журнал“, Ретклиф исто така ја осуди кинеската кражба на американските деловни тајни и одбранбени технологии.

„Денес, Народна Република Кина претставува најголема закана за Америка и е најголема закана за демократијата и слободата во светот од Втората светска војна“, напиша шефот на американските разузнавачки служби.

Тој исто така ги опиша операциите во кои кинеските агенти користеа економски притисок за да влијаат или да ги компромитираат американските законодавци.

„Кинеските лидери се обидуваат да ги потчинат правата на поединецот на волјата на Комунистичката партија“, рече Ретклиф.

Во исто време, американскиот Стејт департмент објави дека членовите на Комунистичката партија на Кина се непријателски расположени кон американските вредности.

Според новите правила, кои стапуваат на сила веднаш, визите издадени на членовите на кинеската партија и нивните семејства ќе важат само еден месец по издавањето и тоа за еден влез, додека претходно тие важеа до 10 години и дозволуваа неограничен број влезови во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против Ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против Ковид-19 да имаат пензионерите. „Во име на над 300.000 возрасни...

Регион2 часа

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Македонија2 часа

Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија, тврди бугарски весник

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот...

Топ3 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион3 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија3 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија4 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион4 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет5 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа18 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија19 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија20 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија20 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија23 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен24 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ24 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет1 ден

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет1 ден

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија1 ден

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Досие