Свет
Талибаните ја преземаа одговорноста за нападот врз американскиот конзулат
Портпаролот на пакистанските талибани кои соработуваат со Ал Каеда ј преземаа одговорноста за самоубиствениот напад врз американскиот конзулат во Пешавар во кој се убиени двајца службеници во дипломатското претставништво на САД
„Ја преземаме одговорноста за нападот врз американскиот конзулат кој е извршен во знак на одмазда за нападите на американските беспилотни летала“, изјавил по телефон за France presse лице кое се претставува како портпарол на талибаните во пакистан/Десет до 15 добро вооружени мажи се обидоа утрово да влезат во комплексот згради на американскиот конзулат кој е добро утврден и се наоѓа во четврт каде има повеќе објекти на пакистанската армија и една воена база. Првиот напаѓач се разнесол со бомба на контролен пункт на влез во комплексот, по што оган отвориле пакистанските полицајци и војници.Пота следеле уште неколку експлозии и престрелки, но во конзулатот никој не успеал да влезе. Според локалната полиција, четворица од напаѓачите биле убиени, а во престрелката се убиени еден пакистански полицаец и неидентификуван маж, пренесе France presse.Германската агенција DPA и американски медиуми наведоа дека двајцата загинати бил службеници во американскиот конзулат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

