Свет
Со ЕСМ не треба да се повтори истата грешка како со "Телеком"
Пред да започне процесот на продажба на ЕСМ, Владата треба да дефинира неколку клучни работи кои ја засегаат целата јавност и кои треба да обезбедат натамошно добро функционирање на електроенергетскиот систем.
Независни експерти предупредуваат на опасностите од приватизацијата на ЕСМ
Главниот профит на купецот на ЕСМ ќе му го донесе бизнисот со трговијата на струја, на големо и на мало
Пред да започне процесот на продажба на ЕСМ, Владата треба да дефинира неколку клучни работи кои ја засегаат целата јавност и кои треба да обезбедат натамошно добро функционирање на електроенергетскиот систем. Идниот сопственик на ЕСМ ќе биде спремен да плати висока цена за ЕСМ ако е сигурен дека во наредниот период ќе постигне висока стапка на поврат на капиталот, а таква ситуација имаме и со продажбата на “Телекомми.
>?Со ЕСМ не треба да ја повториме истата грешка како со “Телекомми и продажбата не треба да биде чисто комерцијална зделка. Главната цел на државата не треба да биде само да земе пари, туку нејзината улога е и да обезбеди услови за развој на приватниот енергетски сектор и обезбедување на стандардот на граѓанитееи, рече Владо Пешевски, директор на СЕАФ – Македонија, на вчерашната трибина за обемот и моделот на приватизација на ЕСМ, во организација на ?Транспарентностти и на Владата. Тој додаде дека Владата мора да направи конкретни, финансиски проекции за цените на струјата, за инвестициите во секторот, за статусот на вработените, за исплатата на дивидендите и слично. Владата мора однапред да го реши и прашањето со подолгорочното снабдување со струја на големите потрошувачи, кои сега имаат договори со државата за користење на струјата со повластена, ниска цена, што на идниот инвеститор сигурно нема да му оди во прилог. Според Пешевски, најлоша варијанта е ЕСМ да се продаде 51 отсто. Подобро е во Македонија да остане мнозинскиот пакет од 51 процент, што може да се направи со продажба на акции. “На вработените во ЕСМ треба да им продадат акции со попуст, при што не мора да биде тоа само 10 отсто од капиталот, зошто не и 20 отстоои, праша Пешевски.
Ситуацијата со сў поголемите потреби од увоз, а со тоа и трошењето девизи, е доволен показател дека ЕСМ треба да се преструктурира за да остане одржлив системот. Притоа, според директорот на ?Топлификацијааи, Димитар Хаџимишев, треба да се размисли дали тоа да се постигне со организациско реструктурирање или со продажба на ЕСМ, односно со промена на сопственоста. Првата варијанта подразбира дека треба да се постави нов, неполитичен менаџмент, кој техничко и технолошки ќе го дигне ЕСМ и така добро подготвен да може натаму да се приватизира. Бидејќи ЕСМ не е задолжено со кредити, а околу 20 години нема поголеми инвестиции, нема да има пречки да се земат кредити за добри развојни проекти со кои фирмата ќе се подготви за пазар. “Она што е вредно од ЕСМ не е производството од термоцентралите, туку тоа се хидроцентралите, кои се реновирани и користат евтин извор за струја. Тие ќе ја одредат цената на ЕСМ. Новиот газда не би го интересирал РЕК ?Битолааи, на пример, кој е стар 30 години, има ограничени извори на енергија и во кој треба многу да вложува за еколошки стандарди. Главниот профит на купецот на ЕСМ ќе му го донесе бизнисот со трговијата на струја, на големо и на мало, и тој ќе гледа за пет години да си ги врати паритееи, рече Хаџимишев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

