Свет
Идентификувани 12 загинати кај Смоленск
Дванаесет тела на загинати во авионската несреќа кај рускиот град Смоленск во која загина и полскиот претседател Лех Качински, биел идентификвуани според облеката, изјавил за новинарите градоначалникот на Москва Лужков
„Ние го изразуваме нашето сочуство и тага со семејствта на загинатите во оваа трагедија. Се преземаат сите мерки поврзани со идентификувањето на загинатите и нивното испраќање во Полска, кои ќе бидат извршени во Москва, каде е формиран центарот“, изјавил московскио градоначалник Јуриј Лужков.Тој додал дека сите аеродроми во близината се подготвени во секое време да издадат дозволи за полетување и слетување на авиони за и од Полска и дека во мсоковските хотели се резервирани повеќе од 200 места за роднините на загинатите кои од синоќа почнаа да пристигнуваат во Москва. „Околу пладне се очекуваат уште неколку чартер летови од Варшава со роднини на настраданите“, додал Лужков. Според одлуката на руската влада, привремено е укинат визниот режим за полските државјани кои се роднини на загинатите во вчерашната авионска несреќа кај Смоленск во која загина полскиот претседател Лех Качински и неговата сопруга Марија, како и други 87 високи државни функционери и јавни личичности. Засега не се соопштуваат имињата на идентификуваните, а главното иднетификување на жертвите се очекува да биде извршено во ендела попладне. Доцна навечер во саботата беше соопштено дека Телото на загинатиот полски претседател е пронајдено на местот на несреќата како и двете „црни кутии“ останати во урнатините на авионот.За РИА Новости оваа информација ја потврдил висок државен службеник, Другите поединости не се објавуваат, освен дека на лице место биле иднетификувани уште неколку тела.Пронаоѓањето на двете „црни кутии“, на претседателскиот авион „Тупољев 154“ го соопшти рускиот министер за вонредни состојби Сергеј Шојгу, додавајќи дека веќе почнало нивното преслушување и експертиза.Портпаролот на партијата Право и праведност (PiS) во меѓувреме изјави дека братот близнак на претседателот и поранешен премиер на Полска, Јарослав Качински, исто така отпатувал за Смоленск.Според последните официјални информации на руското министерство за вонредни состојби дека во авионот се наоѓале 96 лица, од кои 88 членови на државната делегација кои патувала на 70-годишнината на масакрот во Катинската шума од 1940 г., која е 20 километри од Смоленск.Приближувајќи се кон воениот аеродром во Смоленск, авионот се урнал на два километра пред пистата. Според руските медиуми пилотот уште од белоруската контрола на летањето бил предупредуван да се спушти во Минск, бидејќи над Смоленск видливоста била многу мала, а авионот закачил во блиските дрвја откако по четврти пат се обидел да се приземји. Со истрагата од местото на несреќата раководи лично рускиот премиер Владимир Путин, а ќе присуствува и неговиот полски колега Доналд Туск.Руската истрага разгледува три можни причини за несреќата: лошите временски услови, човечка грешка или техничка грешка. Полска ќе спроведе своја независна истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

