Свет
Бомба во Пакистан, многу жртви
Бомба утрово експлодира пред центар за раселени лица во северозападен Пакистан и се стравува дека има многу загинати, објавува Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори и сведоци на инцидентот.
„Луѓето беа наредени пред канцеларијата за да се регистрираат и се случи експлозијата“, изјави Рафел Хусеин, жител на областа.
Според полицијата, првичниот биланс е најмалку 20 загинати лица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ако загубам на овие избори, нема да се кандидирам во 2028 година
Во интервју емитувано денеска, Доналд Трамп ја отфрли можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2028 година во случај на пораз на ноемвриските избори.
„Не, не се гледам себеси во тоа, не се гледам себе си. Мислам дека ова ќе биде се“, изјави републиканскиот кандидат (78) .
Сепак, поранешниот претседател верува во успех на 5 ноември, кога на изборите ќе му се спротивстави демократката Камала Харис.
Откако Бајден се повлече од претседателската трка, исходот од претседателските избори е понеизвесен од кога било. Доналд Трамп и Камала Харис врат „си дишат во врат“ во неколку држави кои најверојатно ќе бидат одлучувачки за севкупниот исход на изборите.
Свет
Конвој со странски дипломати нападнат во Пакистан
При минување на конвој со странски дипломати кои биле во посета на северозападен Пакистан, на патот била активирана бомба, а загинал полицаец, припадник на обезбедувањето, соопшти полицијата.
Претставник на полицијата во областа Сват, Захидула Кан, рече дека дипломатите ја посетиле долината Сват на покана на локалната Стопанска комора.
„Тимот што го водеше конвојот беше погоден од бомба покрај патот“, рече тој. Кан додаде дека се ранети уште четворица полицајци. Сите десет дипломати се безбедни и се враќаат во Исламабад, потврди полицијата.
„Ниту еден од амбасадорите не е повреден во нападот и тие се преместени на безбедно место пред да се упатат кон Исламабад“, изјави за Ројтерс заменик генералниот инспектор на полицијата Мохамад Али Гандапур.
Засега не се знае кои земји ги претставуваат дипломатите кои беа во конвојот.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Свет
Масовно пукање во САД: Четворица мртви, 18 ранети, се трага по уште напаѓачи
Најмалку четири лица се убиени, а 18 ранети во масовно пукање во Бирмингем, Алабама, според полициските извештаи.
Повеќе напаѓачи испукале повеќекратни истрели во група луѓе во областа Фајв Поинтс Соут, изјави полицискиот службеник во Бирмингем, Труман Фицџералд. Полицијата на местото на настанот пронашла тела на двајца мажи и една жена, а четвртата жртва починала од прострелни рани во болница, додаде тој.
Детективите истражуваат дали напаѓачите им пришле на жртвите пеш или се возеле, рече Фицџералд.
Никој досега не е уапсен. Полицијата во соопштението соопшти дека соработува со ФБИ и други федерални агенции и нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите. Таа отвори и специјална веб-страница за испраќање фотографии и видеа од пукањето.
Зборувајќи за повредените, Фицџералд им рече на новинарите: „Имаме 18 жртви од огнено оружје од оваа област. Ми кажаа дека најмалку четири од тие жртви се во животна опасност“.
Според Архивата за огнено насилство, која го дефинира масовното пукање како инцидент во кој четири или повеќе лица се повредени или убиени, досега оваа година во САД се регистрирани повеќе од 400 масовни престрелки.