Свет
Тајланд: преговори за да нема крвопролевање

Тајландските антивладини демонстранти, кои се утврдија во екслузивна трговска област во престолнината Бангкок, изразија волја да започнат преговори преку трета страна, за да се избегнат неминовните крвави судири со армијата, пренесува Reuters
Лидерите на приврзаниците на избрканиот премиер Таксин Шинаватра за Reuters изјавиле дека војската неминовно ќе се обиде со сила да ги разбие деминстрантите, како што претходно веќе најави воениот врв. Од тие причини, лидерите на „црвените кошули“ се подготвени да ги земат предвид понудите за преговори, но не директно со владата на актуелниот премиер Абхасит Ваџаџива, за кого бараат да си замине.„Веруваме дека нападот од страна на армијата ќе се случи пред 25 април и поради тоа мораме да направиме компрпмис. Во текот на денов ќе предложам средба и ќе му пренесам на воениот врв дека се согласуваме со распуштање на владата во рок од три месеци“, изјави еден од лидерите на „црвените кошули“, Кванчаи Праина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Европа
Русија го објави главниот услов за мировните преговори: „Ќе бараме челични гаранции“

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко во изјава за рускиот медиум „Известија“ кажа дека Русија во мировните преговори ќе бара гаранции од земјите на НАТО дека нема да ја прифати Украина во својот сојуз, односно дека Украина мора да остане неутрална.
„Ќе бараме челичните безбедносни гаранции да станат дел од овој договор. Една од овие гаранции е неутралниот статус на Украина, односно одбивањето на земјите од НАТО да ја примат Украина во алијансата“, рече Грушко.
Заменик-шефот на руската дипломатија го повтори ставот на Кремљ дека се противи дури и на пристигнувањето војници од земјите-членки на НАТО во Украина како дел од меѓународните мировни сили, откако Франција и Велика Британија изразија подготвеност да испратат свои војници во мировна мисија која ќе го надгледува прекинот на огнот.
„Не е важно под која ознака силите на НАТО пристигнуваат во Украина: било да е тоа Европската унија, НАТО или националниот капацитет. Доколку се појават таму, тоа ќе значи дека тие се распоредени во зоната на конфликтот со сите последици за тие контингенти како страни во конфликтот“, рече Грушко, додавајќи:
„Можеме да зборуваме само за распоредување невооружени набљудувачи, цивилна мисија која ќе го надгледува спроведувањето на одредени аспекти од договорот или механизмите за гаранција откако ќе се постигне договор. Дотогаш, сето тоа е само воздух“, рече тој.
Свет
Медведев се заканува со војна со НАТО: Консултирајте се со Трамп

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се закани со војна против НАТО доколку европските земји продолжат да инсистираат на своите планови за испраќање мировни сили во Украина.
Macron and Starmer are playing dumb. Time and again they are told that peacekeepers must be from non-NATO states. No, we will send tens of thousands – just lay it out – you want to give military aid to the neo-Nazis in Kiev. That means war with NATO. Consult with Trump, scumbags.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) March 16, 2025
„Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ‘се прават глупави’, напиша Медведев на Икс, кој е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.
„Постојано им се кажува дека мировниците мора да бидат од земји кои не се членки на НАТО“, напиша тој. „Сакате да им дадете воена помош на неонацистите во Киев. Тоа значи војна со НАТО. Консултирајте се со Трамп“, додаде тој.