Свет
Во серија експлозии во Бангкок загинат и над 75 ранети
Претходно AFP повикувајќи се на болнички извори пренесува дека во серијата експлозии во четврток навечер по локално време во деловниот кварт на Бангок биле ранети најмалку 50 лица, а постојат информации и за едено загинато лице
Според Reuters, пак, најмалку едно лице загинало а повеќќе од 75 се повредени во денешните експлозии во тајландската престолнина на Тајланд.
Дописникот на агенцијата јавува дека пет ракети го погодиле деловниот кварт на Бангкок, каде повеќе од еден месец протестираат приврзениците на поранешниот премиер Шинаватра и бараат оставка од владата
Тајландскиот премиер Абхист Вејџаџива свика итен состанока на фисокинте функционери на државната безбедност, соопштил валдинито портпарол.Демонстрантите кој ја поддржуваат валдата на Вејџаџива, ткн. „жолтокошулашите“, се судрија со „срвенокошулашите“ кои хја поддржуваат тајландската опозоција и поранешнито премиер Таксин Шинаватра, кој од 2006 г. живеее во егзил во Дубаи (инаку има и црногорско државјансто) откако беше осуден за злоупотреба на службената функција.Портпаролот на тајландската армија изјавил дека експлозиите биле предизвикани од рачни граната од типот М-79 и дека до него не дошле информации за загинати. Демонстрантите, пак, на странските дописници им изјавиле дека тие не се одговорни за експлзоиите.Премиерот Абхисит Веџаџива во петокот го именуваше шефот на генералштабот, генерал Анупонг Паочинда, за раководител на службата за национална безбедост, по што се заостри реториката на армијата. Од таму најавија дека петнеделните протести, кои ја десеткуваа клучната туристичка индустрија, мора да завршат и дека армијата за таа цел е подготвена дури и да се судри со демонстрантите.„Сакам да апелирам до лидерите на демонстрантите да не користат деца и старци како штит во првите линии. Без оглед на се, операциите за прекин на демонстрациите ќе започнат, со тоа што ќе се оди од помеки кон посцврсти мерки“, соопшти генерал Паоичинда по преземањето на функцијата. Околу влезовите во станиците на метрото и на трговскките центри се подигнати огради од жица, а некои граѓани на нив закачуваат пораки со повици за мир. Полицијата и војската особено внимателно ги набљудуваат високите згради, кои пружаат одлични засолништа за снајперистите. Од своја страна, лидерот на деммонстрантите Натавут Саикуа, во понеделникот не кажа прецизно дали ќе се одржи најавеното проширување на демонстрациите во вторникот. Демонстрантите најавија дека бескрајни колони од демонстранти ќе се влеат во градот. Според него, поставувањето на војниците во улицата „Силом“ најпрвин било со цел да се разбие главнината на демонстрантите, но високите офицери во последен миг го смениле мислењето. Тој информациите ги добил од војниците кои се симпатизери и кои ги нарекуваат „лубеници“ (зелени од надвор поради униформата, но црвени од внатре). Ваквата поделба во армијата ги загрижува високите офицери, кои сега не знаат кому да веруваат. Згора на тоа, се шират шпекулации дека тврдолинијашите во армијата подготвуваат воен удар, со кој би ја прекинале петгодишната политичка нестабилност во земјата. „Црвенокошулашите“, кои се во најголем дел сочинети од сиромашни работници и селани, ја обвиннуваат елитата во армијата за поддршка на таканаречените „жолтокошулаши“, сочинети до ројалисти, деловната елита, аристократите и урбаната средна класа и дека учествувале во заговорт за отстранување Шинаватра, Во декември 2008 г. „жолтокошулашите“, поточно припадниците на Алијансата за демократија, изведоа осумдневна блокада на меѓународниот аеродром во Бангкок, при што повеќе од 250 илајди туристи останаа заглавени. Опсадата на аеродромот заврши откако тогашната владејачка партија, која одржуваше блиски врски со протераниот премир Шинаватра, беше укината поради наводна изборна измама, со што се отвори пат за парламентарно гласање за именување на актуелниот премиер. „Црвениокошулаштие“ тврдат дека гласањето било под целосно влијание на армијскиот врв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сведок на ФБИ: Трамп се заканил дека девојче ќе исчезне и ќе го убие нејзиното семејство
Под закана од кривично гонење за лажно сведочење, сведокот му кажа на ФБИ во 2016 година дека „лично била сведок“ како американскиот претседател Доналд Трамп се заканил дека едно девојче ќе „исчезне“ и дека целото нејзино семејство ќе биде убиено, според документ објавен од Министерството за правда на САД.
Дојавата до ФБИ беше објавена како дел од објавувањето на околу 3 милиони документи за Џефри Епштајн, а ја доставило лице кое го користело псевдонимот „Тифани Доу“. Во неа се наведува наводна закана што Трамп му ја упатил на обвинителот во судска постапка.
„Лично бев сведок како обвинетиот Трамп ѝ кажа на обвинителката дека никогаш не кажува ништо освен ако не сака да исчезне како 12-годишно девојче (името е сокриено) и дека е способен да го убие целото нејзино семејство“, се вели во дојавата на ФБИ, потпишана под закана од кривично гонење за лажно сведочење на 18 јуни 2016 година.
И Епштајн ми се закани со смрт
Тужителката тврдеше дека била вработена кај Епштајн од 1990 до 2000 година и му кажа на ФБИ дека Епштајн лично ѝ се заканувал на сличен начин како што таа тврди дека Трамп ѝ се заканувал на непозната обвинителка во непозната тужба.
„Епштајн лично ми се закани дека ќе ме убие мене и моето семејство ако некогаш откријам какво било физичко и сексуално злоставување на малолетни девојчиња на кое лично сум бил сведок од Епштајн или од некој од неговите гости“, се вели во извештајот на ФБИ.
„Објавувам јавно под заклетва вистината за физичкото и сексуалното злоставување на малолетни девојчиња на кое лично сум бил сведок од Трамп и Епштајн, вклучително и обвинителот, за време на моето вработување кај Епштајн од 1990 до 2000 година.“
Свет
Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави денеска дека Иран отсега ги смета војските на земјите-членки на Европската Унија за „терористички групи“, повикувајќи се на законската регулатива од 2019 година.
Оваа одлука доаѓа откако министрите за надворешни работи на ЕУ во четвртокот одлучија да ја прогласат Иранска револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација, поради крвавото задушување на неодамнешните антивладини протести. Овој потег на Унијата се смета за главно симболичен, со оглед на тоа што ИРГЦ веќе е под санкции на ЕУ поради прекршување на човековите права.
– Европа сака да му угоди на својот господар, Америка, со овие мерки, изјави Галибаф во Парламентот, пренесува ДПА. Видеата објавени од иранските медиуми покажаа пратеници облечени во униформи на ИРГЦ во знак на солидарност, додека дел од нив скандираа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.
Тензиите меѓу САД и Иран се на високо ниво по смртоносното задушување на протестите во земјата. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази поддршка за демонстрациите и најави „многу силни мерки“ доколку Иран продолжи со егзекуции на демонстрантите. Дополнителни спорови се појавија и околу иранската нуклеарна и ракетна програма, при што Трамп неделава сугерираше можен напад, изјавувајќи дека „масивна армада се движи кон Иран“.
Иранската страна соопшти дека е подготвена да ги продолжи преговорите со САД, но инсистира на целосна контрола врз своите одбранбени капацитети. САД беа првата земја во светот што ја прогласи ИРГЦ за терористичка група во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп. ИРГЦ е елитна воена сила на Иран, која во последните децении значително го прошири и своето социјално и економско влијание преку инвестиции во авиокомпании и хотелски синџири.
Свет
Бранови од вештачка интелигенција пристигнуваат на социјалните мрежи, препознавањето станува невозможно
Социјалните мрежи наскоро би можеле да се соочат со нова, далеку пософистицирана закана – роеви на вештачка интелигенција што ќе шират дезинформации, ќе ги вознемируваат корисниците и ќе влијаат врз демократските процеси. На ова предупредуваат научници, кои велат дека ваквите системи би можеле радикално да го променат начинот на кој се формира јавното мислење во дигиталниот простор.
Според коментар објавен на 22 јануари во научното списание Science, таканаречените „роеви на вештачка интелигенција“ имаат потенцијал да станат ново оружје во информативните војни.
Тешко препознатливи дигитални актери
За разлика од класичните ботови, кои најчесто се примитивни и релативно лесно се откриваат, овие напредни системи можат убедливо да го имитираат човечкото однесување. Тие се способни да се прилагодат на онлајн-заедниците во кои се вметнати, да комуницираат со други корисници и да создадат впечаток на спонтано и автентично дејствување.
Со други зборови, на корисниците може да им изгледа дека пред нив се формира мнозинско мислење, иако во реалноста тоа е внимателно оркестриран процес управуван од вештачка интелигенција.
Замислете ситуација во која ставовите во вашата омилена онлајн-заедница одеднаш почнуваат брзо да се зацврстуваат околу теми за кои до неодамна се воделе жестоки дебати. Луѓето, по правило, имаат тенденција да го следат она што го доживуваат како мнозинско мислење. Проблемот настанува кога тоа „мнозинство“ всушност не постои, туку е создадено од невидлив рој агенти на вештачка интелигенција што дејствуваат во интерес на поединец, политичка партија, корпорација или држава.
Слабост на човечката природа
Како што објаснува коавторот на коментарот, Јонас Кунст, професор по комуникација на норвешкото бизнис училиште BI, луѓето по природа се склони кон конформистичко однесување. Тие често ги прифаќаат ставовите и однесувањата на мнозинството затоа што тоа им дава чувство на сигурност, припадност и социјална коректност – дури и кога не се целосно убедени дека мнозинството е во право.
Иако ретко сакаат да го признаат тоа, многумина веруваат дека ставот што го дели мнозинството има посебна вредност. Токму оваа слабост, предупредува Кунст, роевите на вештачката интелигенција би можеле исклучително ефикасно да ја искористат.
Од манипулација до дигитален линч
Манипулацијата со јавното мислење, сепак, не е единствената опасност. Истите системи би можеле да се користат и за организирано онлајн-вознемирување. Луѓе кои не се согласуваат со доминантен наратив би можеле, наместо од вистински корисници, да бидат нападнати од роеви на вештачка интелигенција.
Таквите координирани напади би можеле да прераснат во своевиден дигитален линч, кој би траел сè додека целта не биде замолчена или целосно избркана од платформата.

