Свет
Гранатирањата го парализираа Бангкок
Главниот финансиски и трговски центар на престолнината на Тајланд е речиси целосно блокиран, по смртоносното гранатирање во текот на ноќта, во кое најмалку едно лице го загуби животот, а 88 се ранети, јавува Associated Press
Грабнатите биле испукани од М-79 рачен фрлач на гранати, од позиции блиску до оние кои ги држат антивладините демонстранти, таканаречените „црвени кошули“, кон позициите на војската и поддржувачите на актуелната влада, таканаречените „жолти кошули“. Ова е 45 ваков инциодент од како на 12 март започнаа антивладините демонстрации. „Цргвените кошули“, кои го подддржуваат поранешниот премиер и телекомуникациски магнат Таксин Шинаватра, бараат итно распуштање на владата и нови парламентарни избори. Шинаватра избега од земјата во 2006 гопдина, од како беше обвинет за корупција, а владата во која неговата партија имаше мнозинство беше распуштена во 2008 година, по неколкумесечните протести на „жолтите кошули“. Судот на Тајланд во 2008 година на два пати носеше спорни одлуки со кои се овозможуваше промена на тогашната влада, за на крај војската да изврши воен удар и на контроверзните избори под нејзина контрола, да дојде на власт актуелниот премиер Абхисит Вајџаџива. „Цргвените кошули“ се составено главно од селани и сиромашни работници, но и од мал број на продемократски активисти кои се противат на огромното влијание на армијата. „Жолтите кошули“, пак, ја дваат поддршката на актуелната влада и се претежно припадници на деловната, интелектуалната и урбаната елита, но и голем број на ројалисти. Тое тврдат дека демонстрациите се, всушност, насочени кон кралот на Тајланд, кој ужива голема почит кај сите жители на Тајланд. Меѓу поддржувачите на владата кои се излезени на контрадемонстрации има и многу неопределени граѓани на Бангкок, на кои едноставно им е преку глава хаосот речиси два месеци владее со нивниот град и бараат властите веднаш да го прекинат.Еден од лидерите на „Црвените кошули“, Натавут Саикуа во петокот изјави дека целата ноќ ја минал на преговори со заемникот-премиер Корбсак Сабхавасу, но не е постигнат никаков компромис. Претходно, премиерот Вајџаџива понуди владата да ја распушти во декември годинава, една година пред време, но најмногу што прифаќаат „Црвените кошули“ е период од три месеци. Тензијата помеѓу силите за безбедност и поддржувачите на владата од една и антивладините демонстранти од друга страна постојано раста, особено откако пред две недели во жестоки судири межу демонстрантите и војската загинаа 25 луѓе, а преку 800 беа ранети. Статус квото, истоп така, има многу негативно влијание врз економијата на земјата, особено врз една од најпрофитабилните гранки, туризмот.Властите по синоќешниот напад се воздржаа за гранатирањето да ги обвинат „Црвените кошули“, затоа што во комплицираната тајландска политичка ситуација се е можно. Шпекулациите најмногу посочуваат на армиски офицери од тврдото крило, кои со нападите сакаат да испровоцираат причина за уште еден воен удар. Владат, сепак, се закани дека сите вмешани во „терористичкото“ гранатирање ќе бидат пронајдени и осудени на смртна казна. Но, реалност вели дека ваквите напади во Тајланд многу ретко имаат судска завршница. На пример, се уште никој не обвине, ниту пак уапсен за мистериозните бомбашки напади на ногодишната ноќ 2006 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ушаков: Франција и Велика Британија сакаат да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје
Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Русија е запознаена со плановите на Франција и Велика Британија да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје или технологија за производство на такво оружје.
„Американците, секако, ќе бидат информирани за сè, но тие веќе знаат. Во моментов ова се коментира на сите канали. Ние ќе им го кажеме тоа конкретно“, изјави Ушаков за телевизискиот канал „Росија 1“ и додаде дека плановите на Франција и Велика Британија да ѝ обезбедат на Украина нуклеарно оружје или технологија за негово производство ќе влијаат врз ставот на Русија за решавањето на украинскиот конфликт, пренесуваат „Интерфакс“ и „Танјуг“.
Претходно денеска, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, на својот профил на „Икс“ објави дека употребата на руско нуклеарно оружје против цели во Украина, како и нуклеарни удари врз Велика Британија и Франција, би биле легални и оправдани доколку Лондон и Париз му предадат нуклеарна технологија на Киев.
Свет
Ројтерс: Иран блиску до договор со Кина за ракети кои наводно се способни да потопат носач на авиони
Иран е блиску до склучување договор со Кина за набавка на противбродски крстосувачки ракети CM-302, во момент кога САД распоредуваат значителни поморски сили во близина на иранскиот брег, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на шест извори запознаени со преговорите.
Според извештајот, договорот е речиси финализиран, но датумот на испорака сè уште не е утврден. Станува збор за супeрсонични ракети со дострел од околу 290 километри, дизајнирани да избегнуваат бродска одбрана со лет на мала висина и голема брзина.
Експерти за вооружување оценуваат дека нивното воведување би ги засилило иранските напаѓачки способности и би претставувало сериозна закана за американските поморски сили во регионот. Поранешен израелски разузнавач изјавил дека таквата способност „целосно би ги променила правилата на игра“.
Преговорите со Кина започнале пред две години, но се забрзале по минатогодишниот конфликт меѓу Израел и Иран, наведуваат изворите. Во меѓувреме, САД распоредуваат носачи на авиони, вклучително и USS Abraham Lincoln и USS Gerald R. Ford, во близина на Иран.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопштило дека не е запознаено со преговорите за продажба на ракети, додека Белата куќа не дала директен коментар. Американскиот претседател, Доналд Трамп, му дал рок на Иран за договор околу нуклеарната програма, во спротивно се заканил со „драстични мерки“.
Свет
Обилни дождови во Бразил: Најмалку 14 загинати, 440 раселени
Најмалку 14 лица загинале, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодиле југоисточниот бразилски град Жуис де Фора, соопштија локалните власти.
Дождовите предизвикале поплави и свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината. Властите мобилизирале специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Градот, кој се наоѓа во сојузната држава Минас Жераис, прогласил состојба на катастрофа.
Локалните власти наведуваат дека ова е најврнежливиот февруари во историјата на градот, со двојно повеќе врнежи од очекуваното. Националниот институт за метеорологија издал предупредувања за обилни дождови во делови од 14 сојузни држави, вклучително и Рио де Женеиро.

