Свет
СЗО: Гонорејата може да стане неизлечива
Една од најчестите сексуално преносливи болести, гонорејата, наскоро може да стане неизлечива, доколку не бидат пронајдени нови лекови и средства за нејзино спречување, предупреди СЗО денеска од Манила
Светската здравствена организација потврди дека бројни лекови против гонорејата станале неефикасни поради неправилната употреба на антибиотиците.
Гонорејата ја предизвикува бактеријата neisseria gonorrhoeae, која развила отпорност на најновите лекови, а Австралија, Хонгконг и Јапонија веќе известија за неуспешно лекување на болеста
Според оценките на СЗО со сексуално преносливите болести, како гонореја, сифилис и кламидија, секоја година се заразуваат најмалку 340 милиони луѓе на возраст меѓу 15 и 49 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авиони заглавени на пистите: најголемата американска авиокомпанија ги приземји сите летови
Американ ерлајнс во вторникот ги приземји сите свои летови во САД поради технички проблем, што ги наруши плановите за патување на илјадници патници кои се подготвуваа да летаат на Бадник, пренесуваат светските медиуми.
Масовните прекини на летовите претходно ги нарушија плановите на многу патници. Во 2022 година, Southwest Airlines доживеа целосен системски колапс кој траеше со денови.
Според написите од компанијата немаат дадено временска рамка за решавање на проблемот, но ги советуваше патниците на социјалната мрежа Х да им испратат директни пораки за да ги решат проблемите со билетите и трансферите.
„Технички проблем влијае на американските летови утринава. Нашите тимови работат на решавање на проблемот што е можно побрзо и им се извинуваме на нашите клиенти за непријатностите“, се вели во соопштението на компанијата за Ројтерс.
Многу патници објавија на социјалните мрежи дека нивните авиони се заглавени на пистите на различни аеродроми и дека сега се вратени на капијата.
Американ ерлајнс оперира илјадници дневни летови до повеќе од 350 дестинации во над 60 земји и се смета за најголема американска авиокомпанија по бројот на патници.
Американската федерална управа за авијација (ФАА) во изјава за Ројтерс укажа на авиокомпанијата, повторувајќи дека пријавила технички проблем.
Свет
Гладот се шири во Судан, 10 области загрозени до мај
Акутниот глад во Судан се прошири во пет области и, најверојатно, ќе се прошири на уште пет до мај бидејќи завојуваните страни продолжуваат да ја попречуваат хуманитарната помош потребна за ублажување на една од најтешките кризи на глад во модерното време, соопшти денеска глобалниот Комитет за преглед на гладот (ИПЦ).
Комитетот идентификува уште 17 области во Судан во опасност од глад.
ИПЦ проценува дека речиси 24,6 милиони луѓе, околу половина од Суданците, имаат итна потреба од помош во храна до февруари, што е нагло зголемување од првично проектираните 21,1 милион во јуни за истиот период.
Свет
Украина доби милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светската банка
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија, а траншата се одвиваше под гаранции на владите на овие земји во рамките на програмата DPL на Светската банка, соопшти денеска премиерот на Украина, Денис Шмихал.
„Собраните средства ќе бидат искористени за зајакнување на нашата економија и финансирање на приоритетните расходи во социјалната и хуманитарната сфера“, рече Шмихал во објавата на „Телеграм“.
Тој им се заблагодари на Светската банка и на владите на Јапонија и Велика Британија за силната поддршка на Украина и нивниот придонес во зајакнувањето на стабилноста на Украина, пренесува „Укринформ“.