Свет
Уапсен осомничениот за нападот во Њујорк
Осомничениот за неуспешниот обид за бомбашки напад на „Тајмс Сквер“ во Њујорк во сабота на 1 мај е уапсен во вторникот при обидот да ги напушти САД, ја пренесува изјавата на анонимен службеник на американското министерство за правда агенцијатаAssociated Press
Осомничениот, кој беше откриен на снимка од една од безбедносните камери на плоштадот, е идентификуван како Фајзал Шахзад и е префрлен во притвор во Њујорк.Според функционери на министерството, се работи за Пакистанец кој неодамна се вратил од посета на Пакистан, а пред три недели со готови пари купил теренско возило „Нисан“, кое го искористил при неуспешниот напад. Во автомобилот била сместена пропан-бензинската експлозивната направа. Според полицијата, да експлодирала, направата би убила голем број пешаци и би предизвикала материјална штета, затоа што возилото било оставено на 45 улица, на која има голем број на ресторани и бродвејски кино сали, кои се преполни во сабота навечер.Пакистанските талибанци во неделата ја преземаа одговорноста за неуспешниот напад, но за сега нема официјални информации дали уапсениот Шахзад имал некаква врска со нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат формулата дискутирана во Женева за воспоставување мир и обезбедување безбедносни гаранции за Киев.
„Нашиот тим, заедно со претставници на САД, ќе се состане на крајот од оваа недела за да продолжи да ги приближува точките за кои се согласивме за време на преговорите во Женева, во форма што ќе нè води кон патот на мирот и безбедносните гаранции“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
Тој додаде дека украинската делегација „ќе биде добро подготвена и фокусирана на конкретна работа“. Зеленски, исто така, најави понатамошни разговори следната недела во кои ќе учествуваат двете делегации, како и самиот тој, но не даде детали.
„Следната недела ќе се одржат важни разговори, не само со нашата делегација, туку и со мене. Подготвуваме солидна основа за овие разговори. Украина цврсто ќе стои на свои нозе. Секогаш ќе стои“, нагласи тој.
Свет
Германија мора да плати 82.000 евра на семејството на италијански војник од Втората светска војна
Граѓански суд во Рим ѝ наложи на Германија да плати 82.000 евра финансиска отштета на семејството на италијански војник повеќе од 80 години по завршувањето на Втората светска војна.
Судот пресуди дека неговото повеќемесечно затворање во концентрациони логори во Германија и Австрија претставува воено злосторство и злосторство против човештвото, објави денес италијанската новинска агенција АНСА.
Човекот поминал повеќе од 600 дена во заробеништво по потпишувањето на примирјето меѓу Италија и сојузниците во септември 1943 година. Во тој период, стотици илјади италијански војници биле заробени.
На север, фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини останал на чело сè до непосредно пред крајот на војната во 1945 година.
Според адвокатот на семејството, војникот никогаш не се опоравил од заробеништвото. Човекот извршил самоубиство во 1982 година.
Свет
Франција ќе ја врати доброволната воена служба поради „забрзани закани“
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска објави воведување на доброволна воена служба за млади луѓе, која треба да започне до средината на 2026 година, што ќе ѝ помогне на Франција да одговори на „забрзаните закани“ на глобалната сцена.
Овој потег е дел од поширока промена низ Европа, каде што земјите кои долго време уживаат во мир со децении благодарение на безбедносните гаранции на САД, се загрижени за променетите приоритети на претседателот Доналд Трамп и агресивниот став на Русија.
„Франција не може да стои настрана“, рече Макрон за време на посетата на 27-та планинска пешадиска бригада во Варсес, во француските Алпи. Тој додаде дека доброволната програма ќе биде отворена за лица на возраст од 18 и 19 години, кои ќе бидат платени, и ќе трае 10 месеци. Тоа би чинело 2 милијарди евра, што тој го нарече „важен и неопходен напор“.
Програмата предвидува регрутирање на 3.000 луѓе до 2026 година, кои би служеле само на француска почва, а бројот би се зголемил на 10.000 до 2030 година. „Мојата амбиција е да стигнам до 50.000 млади луѓе до 2036 година, во зависност од еволуирачките закани“, рече Макрон.
„По програмата, учесниците би можеле да се интегрираат во цивилниот живот, да станат резервисти или да останат во вооружените сили“, рече тој.
Најавата на Макрон ја доведува Франција во линија со речиси десетина други европски земји како што се Германија и Данска кои започнаа слични проекти.
Макрон рече дека укинувањето на задолжителната воена служба спроведено од поранешниот претседател Жак Ширак во 1996 година било исправно, но дека регрутацијата нема смисла за сегашните потреби на Франција.
Фото: ЕПА

