Свет
Погреб на принцот Рение – големи мерки за безбедност
Принцот на Монако Рение кој почина минатата недела, денеска ќе биде погребан.
Принцот на Монако Рение кој почина минатата недела, денеска ќе биде погребан. Француските власти вчера соопштија дека се преземаат огромни мерки за безбедност со оглед на фактот што на погребот ќе има бројни делегации од светските монархии и од други земји, кои во голем дел уште од вчера се во кнежевството. Воздушниот и поморскиот простор околу Монако се комплетно затворени за секаков цивилен сообраќај, а Франција со помош на авиони од типот Авакс и Мираж, како и со современи хеликоптери со разни електронски уреди за детекција, ќе го обезбедува небото и погребната поворка, како и магистралата меѓу Ница и Монако./крај/бгнес/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кошта: Единството на ЕУ е од суштинско значење за успехот на мировните преговори за Украина
Унифициран и координиран став на Европската Унија е клучен за обезбедување добар исход од разговорите за завршување на војната во Украина, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Во објава на платформата X, Кошта рече дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ за мировните напори во Украина, со цел да ја добие неговата проценка за ситуацијата, пренесува Ројтерс.
„Унифициран и координиран став на ЕУ е клучен за обезбедување добар исход од мировните преговори за Украина и за Европа“, истакна Кошта.
Вчера во Женева се одржаа преговори меѓу делегациите на Соединетите Американски Држави и Украина за американскиот мировен план од 28 точки, каде што Украина го изрази своето мислење и забелешки.
Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорите со украинската делегација изјави дека е постигнат огромен напредок во преговорите за завршување на војната во Украина, додека шефот на украинската делегација Андриј Јермак оцени дека средбата со американската делегација била продуктивна.
Фото: принтскрин
Свет
Тридневен национален штрајк во Белгија: нема да работат јавниот превоз, железниците, градинките, училиштата, болниците
Во Белгија денес започнува тридневен национален штрајк против социо-економските реформи на владата, која е решена да ги зголеми напорите за обновување на јавните финансии.
Штрајкот ќе биде во три фази, а јавниот превоз и железницата денес штрајкуваат, со ограничувања и откажувања на неколку линии. Утре се очекува штрајк во јавните служби, кој вклучува градинки, училишта, владини канцеларии и болници, додека национален штрајк е планиран за среда.
Доцна синоќа, владата постигна договор со премиерот Барт де Вевер за повеќегодишен план за буџетски заштеди.
Договорот го зголемува нивото на штедење во споредба со она што владејачката коалиција го планираше за почетокот на 2025 година и вклучува некои нови извори на приходи, особено преку удвојување на даноците на сметките за хартии од вредност и зголемување на ДДВ за одредени производи.
Оваа акција ја иницираа трите главни белгиски синдикати, кои се во борба за власт со централно-десничарската влада предводена од Вевер, пренесуваат медиумите во регионот.
Фото: принтскрин
Свет
Белата куќа: Секој договор со Русија мора да го гарантира украинскиот суверенитет
Американските и украинските власти потврдија дека идниот договор за прекин на конфликтот со Русија „треба целосно да го почитува суверенитетот на Украина“, објави Белата куќа по разговорите во Женева меѓу Американци, Украинци и претставници на Европската Унија.
Американското претседателство ги поздрави разговорите во Швајцарија доцна синоќа, на кои присуствуваше државниот секретар Марко Рубио, како „значаен чекор напред“ кон мирно решение во Украина, разорена од војна.
Рубио изрази „голем оптимизам“ во можноста за постигнување договор, бидејќи, како што процени, тоа треба да се случи „многу брзо“.
Женевските разговори, официјално завршени доцна синоќа, се базираат на планот од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот што започна со руската инвазија на 24 февруари 2022 година.
„Разговорите беа конструктивни, насочени кон цели, со заедничка посветеност на постигнување праведен и траен мир“, наведе Белата куќа во соопштението со украинската делегација присутна во Женева.
Двете страни „потврдија дека секој иден договор треба целосно да го почитува суверенитетот на Украина“, се вели во соопштението, додавајќи дека по разговорите, САД и Украина „создадоа нова верзија на мировна рамка“.
Во Женева, украинскиот преговарач Андриј Јермак, „десната рака“ на Володимир Зеленски, рече дека е постигнат многу добар напредок во разговорите, откако украинскиот претседател посочи дека новата верзија на американскиот план ги одразува „поголемиот дел од клучните приоритети на Киев“.
Трамп му даде рок на Зеленски до 27 ноември да одговори, пред да каже во саботата дека овој план не е негова „конечна понуда“.
Фото: принтскрин

