Свет
Најмалку шест лица загинаа во Бангкок
Во судирите во тајландската престолнина загинале најмалку шест лица а 46 се раенти пренесуваат светските агенции
Последниот бран насилство го зафати Бангкок во четврток откако десетдневните преговори меѓу власта и антивладините демонстранти познати како „црвенокошулаши“ завршија без успех.Вчера еден од лидерите и воен советник на опозициското тајландско движење чии приврзаници веќе неколку недели го блокираат центарот на градот Бангкок, беше прострелан во главата. И од двете страни одбија да ја преземат одговорноста за стрелањето врз демонстрантите.Претходните крвави протести во Бангкок се одржаа на 10 април, кога загинаа 25 лица, а 800 беа повредени.Во исто време медиумите објавија дека непознати напаѓачи истрелале гранати М79 врз тајландските војници, распоредени на метро станицата Саладаенг во Силом роуд, главниот бизнис кварт на Бангкок, познат по многу институции. Две лица се повредени во нападот. Тоа се совпадна со офанзивата на армијата врз антивладините демонстранти, кои го блокираа реонот околу друг познат кварт на Бангкок – Ратчапрасонг роуд, распореден северно от Силом роуд.Со декрет од вчера вонредната состојба е проширена на уште 15 провинции, со цел да се спречат жителите на тајландските села да се приклучат кон антивладините протести во Бангкок. Декретот и дава на војската широки овластувања да ги контролира демонстрантите и да ја ограничува слободата на движење.Тајландскиот премиер Абхист Вејџаџива е под голем притисок да им стави крај на двомесечните протести во кои загинаа 29 лица, а ранети се над илјада.Антивладините демонстранти се следбеници на Шинаватра, кој е соборен од власт со воен удар во 2006 г. Шинаватра се наоѓа во егзил во Дубаи, а протестите со барање на нови избори почнаа кон средината на март
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанија ги осуди нападите врз Иран, Санчез повикува на деескалација
Шпанскиот премиер Педро Санчез остро ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, предупредувајќи дека тие би можеле да ги зголемат тензиите во регионот и да придонесат за „понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“. Одговорот на Мадрид беше подиректен од многу други светски лидери, кои најчесто повикуваа на воздржаност и почитување на меѓународното право без директно да ги критикуваат САД или Израел, објави Euronews.
Rechazamos la acción militar unilateral de EE.UU. e Israel, que supone una escalada y contribuye a un orden internacional más incierto y hostil.
Rechazamos igualmente las acciones del régimen iraní y de la Guardia Revolucionaria. No podemos permitirnos otra guerra prolongada y…
— Pedro Sánchez (@sanchezcastejon) February 28, 2026
„Ја отфрламе едностраната воена акција на САД и Израел, што претставува ескалација и придонесува за понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“, напиша Санчез на социјалната мрежа Икс.
Неговата изјава дојде по серијата напади од страна на САД и Израел низ Иран. Целите наводно вклучувале објект во центарот на Техеран за кој се верува дека е резиденција на 86-годишниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.
Свет
Иран тврди дека 201 лице загинало во нападите; САД: Нема американски жртви
Американската војска не претрпе жртви во борбените дејствија откако Иран одговори на американско-израелските напади со стотици ракети и беспилотни летала, соопшти во саботата Централната команда на САД.
Во исто време, иранските медиуми, повикувајќи се на Црвената полумесечина, објавија дека 201 лице загинале во израелските и американските напади во 24 провинции.
Американската команда соопшти дека иранските контранапади предизвикале минимална штета на американските инсталации и дека тоа не влијаело на операциите.
Според војската, целите на нападите биле командни пунктови на иранската армија и Револуционерната гарда, како и објекти за лансирање ракети и беспилотни летала.
Свет
(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во генерација“ да го соборат режимот таму. Тој рече дека нападите на Израел ќе им помогнат „да се ослободат од тиранијата“.
„Излезете масовно на улиците и завршете ја работата“, рече тој. „Крајно време е да се обединиме во историска мисија“, додаде Нетанјаху.
⚡️ Netanyahu: "There are more and more signs that Khamenei is no longer alive"
It is currently known that the ayatollah’s son-in-law, daughter-in-law, and secretary have been killed.
The Israeli Prime Minister also stated that the people of Iran will soon have a chance at… pic.twitter.com/WIbfArriiq
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2026
Нетанјаху, исто така, тврди дека „постојат многу знаци дека тиранинот Хамнеи повеќе не е жив“.
Тој не понуди докази за тоа тврдење.

