Свет
Талибаните нападнаа конвој за снабдување на НАТО
Талбанисните бунтовници во сабота нападнале конвој за снабдување на трупите на НАТО во покраинaта Газни меѓу обласите Мукур и Гилан
Притоа во престрелката загинaле петмина авганистански службеници на приватна компанија за обезбедувње и запалиле три цистерни со гориво, потврдила авганистанската полција.
Според прес-службата на авганистанското министерство за одбрана, во текот на петокот во различни инциденти од експлозии на импровизирани експлозивни направи поставени крај патиштата во провинциите Забул, Урузган, Хелманд и Багхлан, загианел двајца а биле ранети шест војници на авганистанската армија.Меѓутоа, како што пренесуваат агенциите, во истото соопштение е нагласено дека во истиот период биле ликвидирани повеќе од 30 талибански милитанти во различни области на Авганистан.Како што соопштие претставник на гувернерот на провинцијата Нангахар, во саботата бунтовниците се обиделе да нападнат комплекс од деловни згради во обалсите Алингар и Ачин Нангахар. Според информациите, од овие напади само биел оштетени зградите на локалната администрации при што биел ранете чеири цивили.Талибаните, пак, за агенциите соопштиле дека во овие напади биле убиени десет полицајци и уништени шест полициски возила. Очевидци на нападите изјавиле дека во зградите биле испукани најмалку шест проектили, од кои два кои ги прелетале зградите на локалната самоуправа повредувајќи четири жени.Од пред неколку денови раководството на талибаните упати апел до сите муџахедини да преземат интензивира борби низ целата земја „против угнетувачите во рамките на пролеттната операција Ал Фатах (Победа).“. Исто така, талибаните ги повикаа и приапдниците на авганистанската армија и на полиција да им се приклучат на муџахедините. Тие им упатија повик и на градежните компании да престанат да работат за „империјалистичката освојувачи, странските инвеститори“.Командантот на силите на НАТО во Авганистан, американскиот генералот Стенли Меккристал смета дека безбедносната ситуација ќе се влоши и дека ќе се згоелмат нападите врз контигентите на НАТО, особено врз единиците кои се распоредени во подрачјата кои традиционално се контролирани од милитантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

