Свет
Четири војници ранети во нападот врз базата на НАТО во Авганистан

Во напад од сабота навечер врз воена база на НАТО во јужата провинција Кандахар, повредени се четворица војници на меѓународните сили во Авганистан, чија националност НАТО според обичајот на Алијансата не се соопштува
Според информацијата воздухопловна база прво била рекетирана, а потоа била нападната од бунтовниците. Талибаните при обидот да се пробијат во внатрешноста на базата, истрелале три ракети кои паднале во базата а војниците добиле наредба да се скријат во бункерите.Во текот на денот во Авганистан тројца војници на НАТО и еден цивили загинаа во двата одвоени напада исто така во јужниот дел на земјата. Двајцата војници и цивилот, кој работел за ИСАФ загинале при напад на бунтовниците. Додека третиот припадник на ИСАФ загинал во експлозија на рачно изработена бомба поставена крја пат. Од почетокот на годината во Авганистан загинаа 215 странски војници. Минатата година беше најсмртоносна за меѓународните сили во Авганистан од почетокот на американската инвазија од 2001 г. Во 2009 година загина 520 војници на меѓународната коалиција предводена од САД.Претходно, американските војници денеска убија најмалку 12 луѓе во авганистанската провинција Пактија. Инцидентот се случил кога две лица се обидувале да постават бомби, при што американските војници ги убиле. Околу десет екстремисти се обиделе да ги земат телата на загинатите при што и тие била убиени во воздушен напад.Американската команда во Авганистан тврди дека сите загинати се екстремисти, додека авганистанските власти започнаа истрага за инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Масовен напад врз Украина, одекнуваат експлозии

Русија започна голем ракетен напад врз Украина во раните утрински часови, погодувајќи градови во неколку региони. Воздушни напади се активирани низ целата земја.
Украинските воздухопловни сили издадоа општо предупредување за ракетна закана околу 5:20 часот по локално време, предупредувајќи дека Русија лансирала бомбардери МиГ-31. Еден час подоцна, воздухопловните сили објавија дека уште еден руски МиГ-31 полетал од аеродромот Саваслејка во Нижни Новгород, објавува Киев Индепендент.
Авионот МиГ-31 може да ги носи хиперсоничните ракети „Кинжал“, кои Русија ги користи за да напаѓа цели длабоко на украинската територија.
Набргу по првото предупредување, експлозии одекнаа во неколку украински градови. Според новинската агенција „Суспилне“, досега се пријавени детонации во Харков и Изјум (Харковска област), Кропивницки (Кировоградска област) и Полтава.
По второто општо предупредување, во Чернигов беа регистрирани експлозии, а во Харков се слушна нова серија детонации. Гувернерот на Черниговската област, Дмитро Брижински, подоцна објави дека нападот погодил неименувана компанија во градот.
Нападите сè уште се во тек, а информациите за штетите и жртвите сè уште не се достапни.
Според воздухопловните сили, во последниот руски напад биле користени балистички и крстосувачки ракети, како и роеви беспилотни летала „Шахед“.
Нападот доаѓа само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да престане да убива Украинци за време на прес-конференцијата во Овалната соба.
Трамп утре ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски во Белата куќа, каде што двајцата лидери ќе разговараат за можностите за удари на Украина со долг дострел, потребите за воздушна одбрана и можноста САД да го снабдуваат Киев со ракети „Томахавк“.
Русија предупреди дека ракетите „Томахавк“ би претставувале значителна ескалација што би барала агресивен одговор.
Москва ги засилува масовните напади врз енергетската инфраструктура на Украина пред зимата, предизвикувајќи прекини на електричната енергија и големи штети на критичните објекти, бидејќи времето се влошува, а ноќите се подолги.
Масовниот ракетен напад врз Киев на 10 октомври ја оштети термоцентралата во градот и остави стотици илјади домаќинства без електрична енергија. Едно дете беше убиено во нападот, а 24 лица беа повредени.
Свет
Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени во Газа, што е клучна компонента од неговиот план за прекин на огнот од 20 точки.
„Хамас апсолутно бара посмртни останки од мртвите заложници и ги пребарува урнатините на зградите уништени од израелското бомбардирање и тунелите под улиците на Газа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ги имаме сите заложници вратени живи. Денес, уште некои се вратија. Тоа е ужасен процес. Но, тие копаат. Тие навистина копаат. Има области каде што копаат и наоѓаат многу тела. Потоа мора да ги одвојат телата. Не би верувале. Некои од овие тела се таму долго време, а некои од нив се под урнатини. Тие мора да ги отстранат урнатините“, рече Трамп.
Американскиот претседател го повтори предупредувањето на Хамас дека мора да се разоружа според условите на договорот за прекин на огнот, велејќи: „Ако одбијат да го сторат тоа, ние ќе го сториме тоа“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
фото: принтскрин
Европа
Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за време на кошаркарскиот натпревар од Евролигата помеѓу Валенсија и Хапоел Тел Авив. Натпреварот помеѓу Валенсија Баскет и Хапоел Тел Авив се играше пред затворени врати, но тензиите беа високи пред Роиг Арената.
И покрај напорите на полицијата, која го следеше целиот периметар од раните утрински часови, избувнаа судири со пропалестинските демонстранти кои се обидоа да ги пробијат полициските коридори. Демонстрантите фрлаа пиротехнички средства и други предмети кон полицијата и превртуваа контејнери.
„Откако некои демонстранти, некои со маски, се упатија кон полицијата, беа извршени пет апсења“, изјави полициски извор за АФП. Во демонстрациите против израелскиот клуб учествуваа речиси илјада луѓе, претежно млади луѓе, кои извикуваа пораки за поддршка на Палестина.
Неодамна, една од најпрестижните велосипедски трки во светот, Вуелта а Еспања, беше цел на демонстрантите поради учеството на израелскиот тим Израел-Премиер Тек. За време на трката, неколку етапи беа скратени бидејќи немаше безбедни услови за завршување на етапата. На крајот, последната етапа беше исто така завршена на околу 50 км од целта по немирите во центарот на Мадрид.
фото: принтскрин