Свет
Притворен политичар осомничен за организирање на немирите во Киргистан
Познат политичар, осомничен за организирање на масовните етнички судири во Киргистан, бил уапсен во регионот Џалал-Абад на југ од земјата, изјавил за РИА Новости во понеделник, претставника на привремената влада на Киргистан
„Задржано е едно лице осомничено за организирање на масовните безредија во Џалал-Абад. Овој човек е добро-позната личност во земјата. Неговото име не се обелоденува во интерес на истрагата”, изјавил изворот на агенцијата.Според прес-служба на привремената влада во Бишкек, лицето е осомничено за кривично дело „организирање на масовни немири” и за „обид за соборување на државната власт.”„Во моментов се врши разговор со приведениот. Според неговите искази, има имиња на некои познати личности кои се вклучени во безредијата во областа кои претходно јавно ги објавија своите намери да учествуваат на парламентарните избори закажани за на есен”, соопштиле од владината прес-служба. Претходно во петокот привремената претседателка Роза Отубнаева не ја исклучи можноста немирите да се инцирани од „заинтересирани сили“ да ја дестабилизираат земјата пред одржувањето на референдумот закажан за 27 јуни кога избирачите треба да се изјасната за новиот Устав на Киргистан. Парламентарните избори, пак, се закажани за 10 октомври, кога најверојатно ќе бидат и претседателските избори.Во мај протестите избувнаа кога демоснтрантит бараа судска истрага за лидерот на локалната узбечка заедница, бизнисменот Кадирјан Батјиров, обвинувајќи го дека го организирал палењето на домовите на роднините на соборениот претседател Бакиев, како и дека неговите следбеници стрелале врз демонстрантите со огнено оружје на 14-ти мај на централниот плоштад на Џалал-Абад, кога приврзаниците Бакиев влегоа во зградата на регионалната администрација.Во јужната провинција на Киргистан, на 13 и 14 мај, поддржувачи на поранешниот претседател Бакиев ја зазедоа административната зграда на управата на трите области, Ош, Џалал-Абад и Баткен. Тогаш во судирте меѓу приврзаниците и поширокот семејство на Бакиев и поддржувачите на привремената влада на Киргистан, беа ранети 59 лица од кои две починаа од здобиените повреди.Новата влада во Киргистан дојде на власт по немирите против претседателот Карманбек Бакијев од 7 април, во кои загинаа најмалку 85 лица, а беа оневозможени летовите од воената база на САД, која беше поддршка на акцииита на НАТО во Авганистан.
Во Ош, јужната престолнина на Киргистан, четврти ден продолжуваат на етнички судири меѓу Киргизите и Узбеците, проследени со етнички погроми и палење на домовите. И двете страни се добро вооружени со огнено оружје, а бројката загианти и ранети постојано расте. Во неделата безредијата се проширија и на соседнито јужен град Џалал-Абад и на целиот тој регион од поранешната советска република. Откако избувнаа немирите и меѓуетничките судири, во земјата каде привремената влада прогласи вонредна состојба досега се убиени 117 а ранети се повеќе од 1.500 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

