Свет
Русија и земјите од екс СССР не исклучуваат интервенција во Кргистан
Сојузот поранешни советски републики предводен од Русија не ја исклучува можноста од воена интервенција во нестабилниот Киргистан каде четири дена беснеат меѓуетнички судири во кои официјално се убиени најмалку 138 лица, пренесуваат руските медиуми
Во понеделник доцна попладне во Москва се одржа итниот состанок на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) било заклучено дека „не се исклучува можноста за применување на сите расположливи средства со кои располага сојузот, а станува збор за можна интервенција во Киргистан, чија цел е запирање на настанатата ситуација“, изјавил претседателот на Советот на организацијата, Николј Патрушев.„Разговаравме за мерките кои ќе ги изнесеме пред претседателите на државите членки на организацијата чија членка е и Киргистан“, изјавил Патрушев по сотанокот на кој Киргистан бил претставуван од Замирбек Мамбетжусунов. Состанокот на ОДКБ бил свикан на иницијатива на рускиот претседател Дмитриј Медведев. „Ситуацијата во Киргистан не може да се толерира, луѓето умираат и се пролева крв во етнички судири. Тоа за регионот е многу тешка ситуација и затоа ќе направме се’ што можеме за да ја спречиме таквата состојба’, изјавил Медведев. Во Организација за колективна безбедност покрај Русија и Киргистан се и Ерменија, Белорусија, Таџикистан, Казахстан и Узбекистан, и тие имаат формирано заедницчки сили за брзи интервенции и кризни ситуации. Западни аналитичари овој сојуз го сметаат за своевиден централно азиски пандан на НАТО преку кој Русија сака да си оствари влијание во регионот. Минатиот петок рускиот претседател го одби писмениот апел од привремената киргистанска претседателка Роза Отунбаева Москва воено да интервенира во смирувањето на распалените меѓуетнички судири од четвртокот навечер во кои , според киргистански болнички извори регистрирани се 138 смртно настрадани, а бројката ранети е поголема од 1500. „ОДКБ на Киргистан ќе и’ отстапи авијација, техника и воени транспортери за стабилизација на нејзините јужни области“, изјавил по состанокот секретарот организацијата од Киргистан, Алик Орозов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

