Свет
Три лица загинаа во експлозија во Канада

Во силна експлозија во неделата во куќа во канадскиот град Едмонтон три лица биле убиени а тројца други сериозно повредени прене се во понеделник Edmonton Sun
Според портпаролот на локалната протвпожарна станица, експлозија се случила во северниот дел на градот. Во неа целосно биле уништени четири куќи а оштетени повеќе од десет, при што биле евакуирани 17 лица, соопштила локалната полицијата која го обезбедува теренот. „Вакво нешто досега нема видено. Изгледаше како да експлодира бомба“, изјавил сосед очевидец за весникот. Во понеделник полцијата ја продолжила претрагата под урнатините, при што се страхува дека под нив може да има уште настрадани, бидејќи во неделата во Канада се прославуваше Денот на таткото па семсјтвата беа на собир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Газа загина бугарски државјанин, вработен во Обединетите Нации

Бугарски државјанин, вработен во Обединетите нации, е убиен денеска во Појасот Газа, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на првични информации.
Министерството извести дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе добијат известување за исходот од истрагата за околностите на инцидентот спроведена од надлежните органи.
Шефот на бугарската дипломатија телефонски разговарал со својот израелски колега Гидеон Сар, кој им изразил сочувство на роднините на загинатиот Бугарин, објаснувајќи дека според досегашните податоци на израелските одбранбени сили, трагичниот инцидент во Газа не е поврзан со нивните акции на копно, воздух или вода.
Обединетите нации повикаа на истрага за нападот на две локации на ОН во Газа, за кој ОН соопштија дека уби еден од персоналот, а рани пет други.
„Генералниот секретар најостро ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага. Тој нагласува дека сите конфликти мора да се водат на начин кој гарантира почитување и заштита на цивилите“, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар Фархан Хак на прес-конференција.
Свет
Трамп му предложи на Зеленски САД да ја преземат контролата над електраните

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му предложи на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, САД да ја преземат контролата врз украинските електрани за да се осигура нивната безбедност, пренесува „АП“.
Трамп му рекол на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“, се вели во изјавата на државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.
Трамп додал и дека „американската сопственост на овие електрани може да биде најдобра заштита за таа инфраструктура“.
Свет
Трамп и Зеленски разговараа: Ние сме на вистинскиот пат

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговарал по телефон со украинскиот лидер Володимир Зеленски околу еден час.
„Само што имав многу добар телефонски повик со украинскиот претседател Зеленски. Траеше околу еден час“, напиша Трамп на својата платформа „Трут Соушал“.
Тој истакна дека голем дел од дискусијата се базирала на вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин „за да можат и Русија и Украина да се усогласат со нивните барања и потреби“.
„Ние сме на вистинскиот пат и ќе побарам од државниот секретар Марко Рубио и од советникот за национална безбедност Мајкл Валц да дадат точен опис на точките за кои се разговараше“, рече американскиот лидер, додавајќи дека наскоро ќе биде објавено официјално соопштение.
Трамп и Путин во вторникот, за време на телефонскиот разговор, се согласија Русија привремено ќе ги запре нападите врз украинските енергетски капацитети. Путин рече дека вооружувањето и мобилизацијата на Украина мора да бидат прекинати во контекст на американската идеја за привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, соопшти Кремљ.
Зеленски претходно денеска најави дека ќе разговара со Трамп и рече дека очекува да слушне повеќе за плановите на американскиот претседател за спроведување на прекинот на огнот.