Свет
Бомбаш загина при обид за напад во Грозни
Бомбаш-самоубиец се разнел во среда пред концертна сала во Грозни кога полицаец се обидел да го задржи, изјавил пред новинарите претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров
Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров веднаш по нападот изјави дека полицаецот спречил да дојде до поголеми жртви, освен ранетите тројца негови колеги и двајца цивили, пренесе агенцијата РИА Новости. Прашан дали можеби тој бил зел на нападот, бидејќи се очекувало негово присуство на концертот, Кадиров рекол: „Не знаеме што имал намера тој (сторителот), но рускиот припадник на Министерството за внатрешни работи се покажа смел, при што тој самито се разнесе“.„Уште еднаш еден зол човек, ние ги нарекуваме шејтани (ѓаволи), се обиде да расипе голем празник. Но фала му на Возвишениот, за будноста на нашите соработници кои го спречиај нападот“, изјавил чеченскиот претседател. Кадиров притоа додал дека бомбата немала голема моќност.„Тоа не беше трористички напад, тоа беше ензначителна експлозија, дури ниеден прозорец во зградат не е скршен, што укажуива дека експлзоијата биал мала“, рекол претседателот.Тој на новинарите им кажал дека ниедно лице кое веќе било во салата не заминало од концерот. Чеченскиот претседател уверува дека полицајата и војската вршат секојдневни активности против екстремистите и терористите. „Тие (милитанти) седат во пештерите, но и оние кои излегуваат надвор од дупките, ние ги уништуваме, а тие избраа на овој начин да покажат дека божем во Чеченија не е безбедно. Ние сме спокојни, во Грозни во сабота ќе се празнува во ќе учествуваат 19 илјади луѓе“, изјавил Кадиров изјави. Чеченскиот претседател додал дека останале само неколку десетини бунтовници.„Секојдневно ги ловиме и ги ликвидираме и затоа ги користат момчињата, како ова, Неговото име е Адем Хамидов, неговиот брат е во горите, тој бил сам дома и беше едно сиромашно дете кое го искористиле за свои цели“, рекол Кадиров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови
Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади луѓе без електрична енергија во неколку држави, објави Блумберг.
Бурата предизвика значителни снежни врнежи во неколку држави, а делови од Северна Каролина забележаа двоцифрени количини на снежни врнежи и во внатрешноста и по должината на брегот.
Според Националната метеоролошка служба, се очекуваше снежните врнежи да се намалат, но условите остануваат сериозни. Иако се очекува бурата да се зајакне над Атлантикот, метеоролозите рекоа дека нејзините најлоши влијанија ќе останат на брегот.
„Дјук Енерџи“, американска компанија за електрична енергија и природен гас со седиште во Северна Каролина, ги замоли клиентите да ја ограничат потрошувачката на електрична енергија во утринските часови за да спречат привремени прекини.
Извештај на „Блумберг“ вели дека прекините во електричната енергија сè уште се во тек во делови од Југот, каде што мразот од претходната бура ги сруши далноводите. Речиси 178.000 домови и бизниси беа без електрична енергија во неколку држави, според податоците за следење на прекините.
Прекините во воздушниот сообраќај продолжија низ целата земја, а Меѓународниот аеродром Шарлот Даглас пријави најголем број откажувања на летови.
Свет
Куба се соочува со голема катастрофа: Трамп се заканува, Мексико најавува помош
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум најави нови пратки хуманитарна помош за Куба откако САД се заканија дека ќе воведат царини за добавувачите на нафта на социјалистичкиот карипски остров.
„Оваа недела планираме хуманитарна помош за Куба… во форма на храна и други производи, додека преговараме преку дипломатски канали поврзани со испорака на нафта од хуманитарни причини“, рече Шајнбаум на настан во Гваимас, во северозападната држава Сонора.
Шефот на државата додаде дека подготовките за испорака на помош и основни потреби за кубанското население веќе се во тек.
Шајнбаум рече дека не разговарала за ситуацијата во Куба со американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани со дополнителни царини за земјите што испраќаат нафта во Куба. Мексико е еден од најголемите добавувачи на нафта во земјата со комунистичка власт, но е и многу важен трговски партнер на Соединетите Американски Држави.
Тешка криза
Шајнбаум предупреди во петокот за голема хуманитарна криза во Куба. Според медиумските извештаи, Мексико веќе ги намали испораките на нафта за Куба во последните денови под притисок од Соединетите Американски Држави, иако нема официјална потврда. Додека не се постигне дипломатско решение, Мексико ќе продолжи да испорачува други основни стоки, рече Шајнбаум.
Папата Лав XIV, исто така, изрази загриженост за растечките тензии меѓу Куба и САД. Тој ги повика сите одговорни да се вклучат во „искрено и ефикасно дијалог“ за да се избегне насилство и да се спречат понатамошни страдања за кубанскиот народ.
Куба редовно страда од прекини на електричната енергија поради дотраена електрична мрежа и недостиг на нафта. Електричната енергија често е исклучена 12 часа или повеќе на ден. Карипскиот остров моментално е во средината на една од најлошите економски кризи откако режимот беше основан во 1959 година по револуцијата под водство на Фидел Кастро.
Свет
Австралиска сноубордерка почина откако се заглави на ски-лифт во Јапонија
Австралиска сноубордерка почина за време на патување со пријатели во Јапонија откако нејзиниот ранец се заглавил на ски-лифт, оставајќи ја да виси во воздух, според јапонската полиција и операторот на ски-лифтот. 22-годишната туристка загинала во несреќата што се случила во петокот во планинското одморалиште Цугаике во долината Хакуба, популарен ски-центар во централна Јапонија.
Полицијата во градот Нагано Омачи соопшти дека девојката доживеала срцев удар по несреќата. Таа била итно префрлена во болница, но починала таму, потврдија полицијата и операторот на ски-лифтот.
Компанијата за ски-лифтови Цугаике изјави во соопштение дека дел на ранецот околу нејзиниот струк се заглавил на столот, спречувајќи ја да се спушти. „Додека ременот за градите на ранецот бил врзан, ранецот не се одвоил од нејзиното тело, а гостинката била повлечена заедно со него додека се спуштала по ски-лифтот“, изјави извршниот директор на компанијата Кубо Цунео.
„Нашиот вработен веднаш го притисна копчето за итно запирање за да го запре лифтот. Веднаш беше укажана прва помош, а гостинот потоа беше однесен во болница со брза помош“, се вели во соопштението. Компанијата изрази „најдлабоко сочувство до ожалостеното семејство“ и вети дека ќе ги засили безбедносните мерки.
Австралиското Министерство за надворешни работи и трговија потврди дека австралиската државјанка починала во Јапонија и рече дека обезбедува конзуларна поддршка на нејзиното семејство. „Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството во ова тешко време“, рече портпаролот на одделот.
Јапонија се смета за една од водечките дестинации за зимски спортови во Азија поради нејзиниот прашкаст снег, кој привлекува голем број странски туристи секоја зима.

