Свет
Умре еден од најбараните нацистички злосторници
Поранешниот припадник на елитните нацистички SS групи и осомничен за воени злосторства, Адолф Стормс умрел пред да биде изведен пред суд
Адолф Стормс се наоѓаше при врвот на листата на најбарани нацистички воени злосторници од Втората светска војна на Центарот Симон Визентал, умрел во својата 90-та година, јави BBC.Стормс беше осомничен за убиство на најмалку 57 Евреи кои биле на принудна работа однесени во Австрија, а тоа се случувало пред самиот крај на војната. Германското обвинителство ги испитуваше обвиненијата против него и подготвуваа судски процес против Стормс. Обвинителот од Дортмунд, Андреас Брендел, изјавил дека во последно време истражувале дали стормс воопшто е способен за судење. Притоа додал дека имал во рацете многу цврсти докази против Стормс.Според обвиненијата, Стормс и неговите неидентификувани соработници, наводно, ги терале еврејските заробеници да им ги предадат сите вредни предмети и ги натерале пред егзекуцијата да клекнат во масовната гробница. Припадникот на најозлогласените фашистички единици беше обвинет и дека еден ден по масовната ликвидација од 29 март 1945 г. убил уште еден Евреин кој бил преслаб да учествува во маршот за повлекување во Австрија од местото Дојчен Шутцен до селото Хартберг, пишува Associated Press.Неколку поранешни членови на Хитлеровата младина, кои им помагале на SS-овците во спроведувањето на затворениците биле предвидени за сведоци.Ефраим Зуроф, еден од првите ловци на нацистичките злосторници од Центарот на Симон Визентал, изјави дека смртта на Стормс пред судењето би можело да предизвика да се започне да се размислува за „класичен пример“ за предизвиците со кои се соочува неговата канцеларија и обвинителите денес во продолжувањето да ги гоната осомничени за злосторства извршени пред повеќе од шест децении.„Барем тој беше под истрага и се соочуваше со обвинение“, изјавил Зуроф во телефонското интервју од Ерусалим за агенцијата.Стормс неотркиен работел со децении како шеф на железничка станица, се’ додека додека еден студент на постдипломски студии на Универзитетот во Виена не дошол до индиции за неговата наводна вмешаност во масакрот.Студентот и неговиот професор, Валтер Маношек, почнале да го следат Стормс, а професорот дури неколкупати и го посетил. Професорот Маношек снимил 12 часа разговор со Стормс кој постојано тврдел дека не се сеќава на убиствата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Европската комисија предлага укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан
Европската комисија предложи отворање преговори со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за укинување на роаминг-надоместоците.
Како што беше соопштено, откако договорите ќе бидат финализирани и целосно усогласени со правилата на ЕУ за роаминг, нема да има дополнителни надоместоци за повици, СМС-пораки и користење мобилни податоци при патување во земјите на Европската унија.
Тоа ќе значи поврзаност по домашни цени не само за граѓаните и бизнисите од Западен Балкан кои патуваат во ЕУ, туку и за патниците од ЕУ кои доаѓаат во земјите од регионот.
Со усвојувањето на предлогот за преговарачки мандати, Комисијата бара од Советот на ЕУ одобрување за отворање преговори со земјите од Западен Балкан. По одлуката на Советот, Комисијата ќе преговара билатерални договори со секоја држава поединечно.
Предлогот има цел да ги надгради постојните доброволни договори меѓу мобилните оператори во ЕУ и Западен Балкан, кои веќе овозможуваат пониски роаминг-тарифи. Граѓаните од Западен Балкан веќе имаат намалени тарифи и при патувања во рамки на регионот, врз основа на регионалниот договор за роаминг.
Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека роаминг-надоместоците претставуваат проблем во регионот и дека „неочекуваните сметки при патување се нешто што во ЕУ повеќе не се прифаќа“, нагласувајќи дека целта е овој режим да се прошири и на Западен Балкан.
Свет
(Фото) Во документите на Епстин, објавена фотографија од Хокинг додека позира со две девојки, семејството тврди: Тоа се негователки
Семејството на починатиот научник Стивен Хокинг тврди дека жените во бикини кои позираат со него на фотографија од документите на Џефри Епстин биле негови долгогодишни негователки. На фотографијата познатиот физичар се смее, а покрај него стојат две жени кои држат, како што изгледа, овошни коктели. Како и кај многу други документи што ги објави американското Министерство за правда, не е наведен контекстот кога и каде е направена фотографијата.
Семејството: Фотографијата е од 2006 година, на Карибите
Претставник на наследството на Хокинг за „Дејли мејл“ изјавил дека двете жени биле негови „долгогодишни негователки од Обединетото Кралство“. Додал дека фотографијата е направена во 2006 година во хотелот „Риц-Карлтон“ на карипскиот остров Сент Томас. Според семејството, Хокинг позирал за фотографијата откако одржал говор за квантна космологија на научен симпозиум, на кој присуствувал и Џефри Епстин.
Семејството одбило да открие кој ја направил фотографијата и како таа се нашла во документите на Епстин. Исто така, не одговориле на прашања за односот меѓу Хокинг и Епстин, како и дали било вообичаено негователките да се грижат за него во костими за капење и при тоа да пијат коктели.

Фото: Министерство за правда на САД
Хокинг, кој почина во март 2018 година на 76-годишна возраст, повеќе од 50 години живееше со амиотрофична латерална склероза (АЛС), поради што поголем дел од животот му беше потребна целодневна медицинска грижа од тим медицински сестри.
Портпаролот на семејството изјави за „Дејли мејл“ дека професорот Хокинг дал некои од најголемите придонеси во физиката во 20 век, истовремено бил и најдолговечниот познат пациент со болест на моторниот неврон и зависел од респиратор, синтетизатор на говор, инвалидска количка и целодневна медицинска нега.
„Секоја инсинуација за непримерно однесување од негова страна е погрешна и крајно претерана“, навел портпаролот.
Хокинг бил меѓу 21 меѓународно признат научник кои во март 2006 година учествувале на конференција организирана од Епстин, пет месеци пред финансиерот првпат да биде обвинет за поттикнување на проституција.
Конференцијата со наслов „Енергијата на вакуумот која не е нула“ се одржала во хотелот „Риц-Карлтон“ на островот Сент Томас, недалеку од приватниот остров на Епстин, Литл Сент Џејмс.
Во објава на блогот на Фондацијата „Џефри Епстин VI“ било наведено дека гостите можеле „да дискутираат, да се релаксираат на плажа и да посетат блиско приватно островско засолниште на научниот филантроп Џефри Епстин, кој го финансирал настанот“. Се чини дека гостите престојувале и на Сент Томас и на Литл Сент Џејмс, каде што Епстин лично ги угостил.
Фотографии објавени во 2015 година го прикажуваат Хокинг на скара на островот, а подоцна му била организирана и тура по морското дно околу островот со подморница која Епстин ја пренаменил специјално за него.
Министерството за правда досега објавило повеќе од 3,5 милиони документи поврзани со Епстин, од вкупно повеќе од шест милиони идентификувани списи.
Свет
Стотици илјади тони какао непродадени во Африка поради високите откупни цени
Брегот на Слоновата Коска би можел до крајот на главната жетва во март да наталожи околу 200.000 тони непродадено какао доколку владата не ги намали откупните цени, тврдат трговци и експерти.
Залихите се зголемија откако владата во октомври утврди откупни цени повисоки од оние на светските пазари. Според трговците, најмалку 100.000 тони од главната жетва не се платени, а до крајот на март би можеле да се додадат уште 100.000 тони ако цените не се коригираат.
Владата на Брегот на Слоновата Коска најави дека ќе купи 100.000 тони непродадено какао за околу 500 милиони долари за да им обезбеди средства на земјоделците, но трговците сметаат дека ќе биде потребно да се откупи и поголемо количество.
Владините претставници, пак, наведуваат дека извозот останува стабилен, со испорачани 1,011 милиони тони до 20 февруари, во споредба со 1,04 милиони тони во истиот период лани.
Гана минатата недела ја намали откупната цена на какаото за речиси една третина, наведува Ројтерс.

