Свет
Зошто се разменуваат шпионите?
Русија и САД ги разменија шпионите од двете страни, што за аналитиачрите на институтот СТРАТФОР отвора други прашања
Гласините за размената започнаа кога адвокатите на затворените во Русија ја навестија таа можност. Адвокатот и семејството на Игор Сутјагин, руски истражувач за разоружување обвинет за шпионирање во 2004 година, на 7 јули почнаа да најавуваат дека е нареден некаков вид на размена и дека Игор бил префрлен во Виена. Анонимни извори во медиумите почнаа да шпекулираат дека уште тројца Руси, кој се затворени во Русија поради шпионирање, биле земени предвид за размената: Сергеј Скрипал, поранешен полковник во рускиот Директорат за воено разузнавање, Александар Сипачев, поранешен полковник во руската служба за странско разузнавање (СВР) и Александар Запорожски, уште еден поранешен полковник на СВР. Сите се обвинети за шпионирање во корист на ЦИА.Ништо од ова не беше потврдено ниту од Вашингтон, ниту од Москва и отпрвин се чинеше дека сета работа е само претерување од страна на адвокатите на затворениците. Сепак, Сутјагин наводно бил префрлен во Виена, а американските судови набрзина ги префрлија десетте осомничени руски агенти во суд во Њујорк за да се појават првичното сослушување. Медиумите го цитираат адвокатот на осомничената руска шпионка Ана Чапман, кој изјавил дека Ана ќе се изјасни како виновна и веднаш ќе биде депортирана, под претпоставка во замена за оние кои се затворени во Русија. Непосредно пред почетокот на сослушувањето, еден од обвинителите ги потврди шпекулациите дека сите десетмина ќе се изјаснат како виновни. Се навестува дека многу повеќе наводни шпиони ќе бидат вклучен во размената, но останува нејасно кој ќе биде испратен во Русија и како. Деветмина од осомничените (сите освен Вики Пелаез) се родени во Русија и повеќето од нив имаат деца во САД.Размената на шпиони помеѓу Русија и САД не е ништо ново. Можеби најпрочуена размена беше онаа на полковникот во руското разузнавање, Рудолф Абел (вистинското име му беше Вилијам Фишер), за пилотот на американското шпионско летало „У-2“, Гери Пуерс во 1962 година. Последната позната размена се случи во 1986 година, кога американскиот новинар и обвинети шпион Николас Данилоф беше заменет за рускиот дипломат и обвинет шпион Генадиј Захаров.Ова, исто така, ќе биде прва јавна размена по речиси 25 години, но и најбрзата: осомничените Руси во притвор се наоѓаат само 11 дена. Овие размени обично се случуваат откако и двете страни повеќе немаат разузнавачка корист од оние кои ги држат во заробеништво. Обвинетите американски агенти се во затвор повеќе од пет години или повеќе и најверојатно биле темелно испрашани, за да можат Русите темелно да ја сфатат нивната разузнавачка вредност за САД, како и нивните тактики и професионална вокација. Многу е тешко Американците да го спровеле сето ова со десетмината уапсени за толку кратко време.Најпопуларната теорија за брзината на оваа размена е дека со тоа се прави обид да се одржат затоплените односи помеѓу двете земји, пред се бидејќи Русија сега се потпира на американската помош при нејзиниот обид за модернизација на економијата. Не претставува изненадување ниту за една од владите (иако Русите беа изненадени од апсењата) тоа што и шпионите во Русија и оние во Америка се свесни за ризикот од тоа да бидат фатени. Ако се земе предвид дека Белата куќа не крена голема врева околу случајов, а апсењата му годат на гордиот руски народ, тогаш навистина не постои дипломатско оправдување за ургентноста.Разузнавачките операции се одвиваат независно од односите помеѓу државите. Вистинското прашање е што се случува зад сцената при ваквите разузнавачки и контраразузнавачки операции. Многумина од осомничените Руси не биле дел од ист окружок, како што известуваат медиумите, па така апсењето на неколкумина од нив со цел да бидат вратени во Русија не значи дека требало сите да бидат уапсени. Сепак, апсењата од висок профил честопати ги плашат другите шпиони и потенцијално водат кој избрзани акции или комуникација со нивните претпоставени.Ако руските агенти бргу бидат ослободени, тогаш целата акција најверојатно била тресење на дрвото за да испадне нешто друго. Тоа би можело да биде се, од откривање на други разузнавачки операции во САД, до спречување разузнавачките информации собрани од Русите да бидат испратени во Москва., одговор на некој шпионски настан во Русија (како на пример затскриено апсење на некој американски шпион), или здобивање со предност при некоја друга истрага.Ослободувањето на некој од десетте Руси ќе значи дека ФБИ ги собрал сите разузнавачки информации за кои мисли дека му се потребни или може да ги добие, затоа што има поврзани случаи кои тие се уште не сакаат да бидат откриени преку јавното судско сослушување
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка го прекина снабдувањето со електрична енергија за Украина
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, побара од операторот на електричната мрежа денес да го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку протокот на нафта низ нафтоводот „Дружба“ не продолжи.
„Од денес, доколку украинската страна се обрати до Словачка со барање за помош за стабилизирање на украинската енергетска мрежа, нема да добие таква помош“, рече Фицо во соопштението.
Фицо рече дека мерката ќе биде укината штом ќе продолжи транзитот на нафта во Словачка.
Украински беспилотни летала погодија руска пумпна станица што го опслужува клучниот нафтовод „Дружба“ за снабдување на Источна Европа со сурова нафта од Москва, изјави денес украински безбедносен службеник.
Нападот, најновиот во серијата украински напади на трасата, се заканува дополнително да ги ескалира тензиите меѓу Украина и нејзините соседи Унгарија и Словачка, кои го обвинија Киев дека се обидува да го блокира протокот на нафта преку цевководот до нивните рафинерии.
Испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, кога Киев објави дека руски напад со беспилотни летала ја погодил опремата на нафтоводот во западна Украина. И покрај речиси четиригодишната војна со Русија, Украина продолжи да го олеснува транзитот на руска нафта преку цевководи низ нејзината територија, иако го запре транзитот на руски гас на почетокот на минатата година.
Унгарија и Словачка се заканија дека ќе го прекинат снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку протокот на нафта не продолжи. Електричната енергија од Унгарија и Словачка сочинува околу 70 проценти од увозот на Украина и е исклучително важна за земјата.
Свет
Во Италија пронајдени белешки на Мусолини од средба со Хитлер
Белешки од фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини од средбата со Адолф Хитлер во 1944 година се пронајдени во Ииталија, објавија денес германските медиуми.
Хартијата со белешките, за кои е недвосмислено потврдено дека се на Мусолини, била запленета од специјален тим карабинери пред документот да биде понуден на аукција во Торино. Документот потоа бил префрлен во Државниот архив во Рим. Специјалистите ги окарактеризирале белешките како „документ од исклучително историско значење“.
Тоа е хартија со рачно напишани поглавја за „воени сили“, „политика“ и „економија и труд“, и е документот што Мусолини го користел за време на неговата средба со Адолф Хитлер на 22 април 1944 година, во замокот Клајсхајм во близина на Салцбург.
За потсетување, Бенито Мусолини беше премиер до капитулацијата на Италија во 1943 година. После тоа, Хитлер го назначи за шеф на марионетска фашистичка држава. Италијанските партизани го уапсија Бенито Мусолини во април 1945 година додека се обидуваше да избега во Швајцарија и го застрелаа.
фото/Википедија
Свет
Белата куќа: Ги зголемуваме тарифите за увоз од ЕУ
Тарифа од 15 проценти ќе биде воведена за увоз од Европската Унија во Соединетите Американски Држави, изјави висок функционер на Белата куќа.
Основата за новата стапка е глобална царинска наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп по одлуката на Врховниот суд, рече функционерот.
„Сепак, ова е само привремено бидејќи администрацијата ќе побара од други правни лица да спроведат посоодветни или претходно договорени царински стапки“, рече функционерот. „Дотогаш, очекуваме сите земји да продолжат да се придржуваат кон своите обврски според трговските договори за намалување на трговските бариери и други отстапки, кои не се променети“, додаде тој.
Врховниот суд на САД во петокот зададе голем удар врз трговските политики на Трамп, пресудувајќи дека основата за повеќето од царините наметнати на речиси сите трговски партнери е нелегална.
По одлуката на Врховниот суд, Трамп прво објави глобална царина од 10 проценти за увозот од САД во петокот, пред да ја зголеми на 15 проценти во саботата.
Претседателот на САД повторно го критикуваше Врховниот суд. „Судот, исто така, ги одобри сите други царини, од кои има многу, и сите тие можат да се користат на многу помоќен и понепријатен начин, со правна сигурност, од царините како што првично се користеа“, напиша Трамп во објава на социјалните медиуми.
фото/Depositphotos

