Свет
Ирак бара апсење на членови на иранска опозициска група во егзил
Ирачкиот суд наложил апсење на 39 членови на иранската опозициска група во егзил обвинувајќи ги за злосторство против човечноста кое го сториле помагајќи му на Садам Хусеин да го задуши бунтот пред 20 години
Обвинетите се припадници на Муџахединската организација на Иран (PMOI), герилско движење кое се спротиставува на иранската влада. Оваа организација во Ирачко-иранската војна во 1980-те застана на страната на Садам Хусеин кој беше сунитски муслиман, но одрекуваше дека му помагала да се пресметува со угнетеното шиитско мнозинство и со ирачките Курди. „Издаден е налог за апсење на 39 водачи и членови на PMOI терористичката организација, вклучувајќи го и нејзиниот лидер Масуд Рајави, врз основа на докази кои потврдуваат дека направил злосторства против човечноста“, изјавил судијата Мохамад Абдул-Сахиб, портпарол на ирачкиот Виш суд, пренесува Reuters.Иран, Ирак и САД ја сметаат ова организација за терористичка, а актуелната влада во Багдад која ја предводат шиити се обидува да ја протера од базата северно од Багдад каде околу 3.500 членови на оваа група живеат веќе 20 години, Кога во 2009 г. ирачките сили се обидоа да влезат во базата избија насилни безредија во кои беа убиени најмалку седум припадници на PMOI.Портпаролот на PMOI, Махди Учбаи, изјавил дека судот го издал налогото за апсење под притисок на ирачката влада. „Тоа е политички мотивирана одлука и последен подарок од владата на Нури ал-Малики за Иранската вада’, рекол Учбаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

