Свет
Руски кустоси казнети за ширење верска омраза
Кустосите Јуриј Самодуров и Андреј Ерофеев во понеделник се прогласени виновни за поттикнување верска омраза а која можеа да добијат тригодишна затворска казна која им е заменета со парична
Јуриј Самодуров и Андреј Ерофеев се прогласени од судот за виновни затоа што во 2007 г. на нивната изложба „Забранета уметност“ поставиле православни икони со сексуални прокази и одбележја на поп-културата. За ова се Самодуров е казнет со 200 илјади а Ерофеев со 150 илјади рубљи, пренесоа руските агенции.Додека судијата ја читал пресудата, нивните поддржувачи на нив фрлале цвеќе, пренесува РИА Новости, Меѓутоа имало и такви како што уметникот Пјотр Варзилов од политички ангажираниот уметнички колектив „Војна“ кој се обидел насила да влезе во судот при што бил приведен од полицијата додека протестирал против кустосите.Me]utoa„Сигурен сум дека оваа одлука дојде директно од премиерот (Владимир Путин) и од претседателот (Дмитриј Медведев)“, изјавил за новианрите по судењето Ерофеев, кој познат руски интелектуалец поренешен кустос во престижната Третјаковска галерија. Повеќе московски и руски интелектуалци бараа од претседателот Медведев да ги отфрли обвинувањата, сметајќи дека со овој процес се отвора ново поглавје на цензурата во Русија. Како што пишува Reuters, оваа пресуда ја истакнува се’ поголемата поврзаност на православната црква во Русија и државниот врв.Меѓу изложените експонати пред речиси три години, биле дела како што се руска православна икона украсена со лик на Мики Маус, дело кое го прикажува руски генерал како силува војник и Ленинова медал од советско време околу главата на Исус Христос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

