Свет
Во Мексико на забава убиени 17 луѓе
Група вооружени мажи во градот Тореон во пограничната држава Коаула, упаднала на приватна забава во неделата убивајќи 17 лица меѓу кои пет се жени, соопштила мексиканската полиција
Во соопштението на мексиканското министерство за внатрешни работи што го пренесува светските агенции, се додава дека ова бил еден од најкрвавите напади од почетокот на јули поврзани со пресметките меѓу нарко картелите и локалните банди кои војуваат за нивните интереси. Како што пренесува Reuters, локалните медиуми јавуваат дека напаѓачите дошле од Тексас во пет возила и упаднале на приватната забава која се одржувала на хациенда оградена со високи ѕидови во предградие на градот Торехон. Тие ја урнале влезната капија и откако влегле почнале да стрелаат во гостите на забавата. „Упаднале внатре, отвориле оган и стрелале во се’ што се движи“, изјавил неименуван претставник од канцеларијата на локалниот јавен обвинител. Како што пренесува France Presse, еден од полицајците рекол дека сведоците рекле дека напаѓачите летале викајќи „Убијте ги сите“, оставајќи зад себе повеќе од 200 чаури од автоматско оружје. Овој напад кој се случил малку по полноќ по локално време, најверојатно е одмазда за нападот од пред неколку денови кога во пограничниот град Сиудад Хуарез, кој има најголема стапка на смртност во светот, првпат нарко картелите применија напад со автомобил бомба при што беа убиени четири лица. Полицијата за овој напад ги обвинува припадниците на бандата Ла Линеа, која дејствува како вооружена паравојска на моќниот нарко картел Хуарез, чиј висок припадник неодамна беше уапсен. Сојузната полиција има распоредено повеќе од пет илјади полицајци Сиудад Хуарез, но не успеа да го прекине крвавото насилство меѓу бандите кои работат за нарко картелите. Сиудад Хуарез се наоѓа спроти Ел Пасо од другата страна на американско-мексиканската граница во сојузната држава Тексас. Сиудад Хуарез е еден од најопасните градови на светот со најголема стапка на убиства која најчесто е двоцифрена на дневно ниво. Неговата местоположба во близина на главниот пат за шверцот на дроги за богатиот американски пазар го направи градот боиште на нарко картелите и бандите кои се борат за превласт на теренот. Сиудад Хуарес со 1,3 милиони жители во сојузната мексиканска држава Чихуахуа е еден од најсмртоносните градови во светот. Во последните три години во него во војната со нарко картелите и локалните банди со кои се броат за превласт на шверцерските канали за дрога, се убиени околу четири илјади лица. Само во 2009 г. во градот беа регистрирани 2.635 убиства во овие пресметки, од вкупно 7.700 извршени во цело Мексико, што според статистиката изнесува 191 човек на 100 илјади жители.Засега не е познато чие дело е масакрот во Тореон но се знае дека оваа област се смета за една од клучните јазли за криумчарење на дрогите за богатиот американски пазар. Инаку овој регион е познат како боиште меѓу картелот Синалоа кој го предводи еден од најбараните криминалци во САД и во Мексико, Жоакин Шорти Гузман и картелот Зета. Во четиригодишната војна на наркокартелите во Мексико загинаа повеќе од 23 илајди луѓе. Од крајот на 2006 г., откако на власт дојде претседателот Фелипе Калдерон, тој распореди околу 50 илјади војници во борбата против картелите и бандите, но убиствата и борбите не престанаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.
Свет
Им го украл автомобилот, па добиле казна оти крадецот возел без појас
Брачниот пар Лејла и Хамид од Голд Кост, Австралија, прво станале жртви на кражба во нивниот дом, а потоа добиле и казна од околу 3.750 евра. Казната ја добиле затоа што крадецот кој им го украл автомобилот, Lexus SUV, не бил врзан со безбедносен појас.
Како што пренесува 9 Now Australia’s Today, маскирана група крадци влегла ноќе во нивниот дом додека брачниот пар спиел. Хамид се разбудил од бучавата, успеал да ги истера крадците и да повика полиција. Тврди дека полицијата не дошла, а крадците наскоро се вратиле и овој пат го украле нивниот Lexus SUV.
Хамид вели дека полицијата ја повикал и вторпат, но ни тогаш никој не дошол на адресата. Три недели по инцидентот, тврди тој, полицијата сè уште не го посетила нивниот дом. Наместо помош, парот добил – казна. Сообраќајна камера го снимила крадецот зад воланот на нивниот SUV без безбедносен појас, а паричната казна автоматски им била издадена на сопствениците на возилото. Ако не го платат износот до 3 март, им се закануваат дополнителни трошоци.
Хамид се прашува како е можно системот да го сними прекршокот и да ги казни сопствениците, но не и да ја идентификува лицето кое управувало со украдениот автомобил.
Според податоците на Австралискиот завод за статистика (ABS), во Австралија се краде еден автомобил на секои 11 минути. Во периодот 2023/2024 се украдени повеќе од 60.000 возила, околу 17.000 повеќе од претходната година. Барањата за отштета по кражби речиси се удвоиле од 2015 година и во 2024 достигнале 428 милиони долари.

