Свет
Чавез ги прекина односите со Колумбија
Венецуелскиот претседател ги прекина односите со соседна Колумбија откако Богота изнесе податоци кои покажуваат дека 1.500 левичарски герилци се кријат на територијата на соседот
„Немаме друг избор, освен, заради достоинството, целосно да ги прекинеме нашите односи со братската земја Колумбија“, изјавил венецуелскиот претседател Хуго Чавез во деректното телевизиско обраќање, пренесуваат светските агенции.Чавез на колубиските обвинувања дека ги помага левиачрсктие герилски фракции, ги толкуваше како агресија која ја поттикнуваат САД и рекол дека наредува најголема подготвеност на армијата по должината на границата со Колумбија. Чавез прекинувањето на односите со Колумбија го прогласи откако Организацијата на американските држави објави фотографии и мапи за кои тврди дека ги прикажуваат колумбиските герилци како се подготвуваат и сокривата во логоти на територијата на Венецуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста и дека Гренланд и Данска треба да одлучат за иднината на островот, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека треба да им припадне на САД.
Коментарите на Вадефул следеа по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио, во услови на зголемени тензии околу намерите на Вашингтон кон Гренланд, автономен регион на Данска, за која Трамп тврди дека е од витално значење за безбедноста на САД.
Вадефул изјави дека разговорите со Рубио биле пријателски и интензивни и дека ја нагласиле важноста на сојузот меѓу европските земји и САД. Сепак, тој го повтори ставот на други европски политичари, отфрлајќи ја отворената намера на Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд, со што им пркоси на сојузниците во НАТО.
„Безбедноста во северниот Атлантик ќе ја зајакнеме само ако работиме заедно, солидарно и обединето“, им изјави тој на новинарите. „Затоа, кога станува збор за прашањата што се однесуваат на Гренланд и Данска, на Гренланд е да одлучи – на луѓето на Гренланд е да одлучат.“
Спорот околу Гренланд ги засили стравувањата во Европа за иднината на НАТО-сојузот, за кој данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека би бил доведен до крај доколку САД го заземат островот.
Вадефул рече дека тој и Рубио се согласиле за важноста на сојузот во напорите да се обезбеди траен мир во Украина, додавајќи дека двајцата се посветени на таканаречените одредби од членот 5 на НАТО-договорот, кои ги обврзуваат земјите членки да ја бранат нападнатата членка.
„И во овој период на неизвесност и кризи, тоа е од пресудно значење. Ова е јасен сигнал до Русија дека не треба да се обидува да го загрози НАТО-сојузот“, изјави тој.
Фото: Depositphotos
Свет
Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд
Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд и доделување статус на сојузна држава. Со законот, на претседателот Доналд Трамп би му се дале овластувања да започне преговори со Кралството Данска и да преземе чекори за анексија или стекнување на територијата.
Фајн изјави дека е „во интерес на целиот свет“ САД да воспостават суверенитет над Гренланд и дека законот би го забрзал патот кон статус на сојузна држава, иако конечната одлука би останала кај Конгресот. Тој ја нагласи стратешката важност на островот, неговата близина до Русија и богатите минерални ресурси.
Според Фајн, американското управување би било подобро и за жителите на Гренланд, наведувајќи ја висока стапка на сиромаштија и тврдејќи дека Данска не ги заштитила доволно во минатото. Дел од пратениците реагираа откако Белата куќа не ја исклучи можноста за употреба на воена сила, но Фајн изјави дека најдобро решение би било „доброволно преземање“ на островот.
Свет
Кина ја предупредува Европа да не ги поминува црвените линии
Кина врши притисок врз европските земји да им забранат влез на тајвански политичари, предупредувајќи ги да не ги преминуваат „кинеските црвени линии“, пишува Гардијан.
Според повеќе дипломати, Пекинг испратил демарши до европските амбасади и влади, делумно како реакција на неодамнешните посети на тајвански функционери во Европа, вклучувајќи актуелни и поранешни високи претставници. Кинеските власти се повикале на европските гранични и визни прописи, тврдејќи дека дозволувањето влез на тајвански политичари може да ги наруши односите со Кина.
Во вербални ноти, Кина побарала европските земји да не ги признаваат таканаречените дипломатски пасоши издадени од Тајван и да спречат официјални контакти со тајвански претставници, наведувајќи дека ваквите посети сериозно ги поткопуваат односите меѓу Европска Унија и Кина.
Одделни европски земји, меѓу кои Норвешка, Финска и Обединетото Кралство, соопштија дека визите и влезот се регулираат исклучиво според нивните национални и шенгенски правила. Од друга страна, Тајван оцени дека посетите на негови функционери не се поврзани со Кина и дека Пекинг нема право да се меша, обвинувајќи ја Кина за притисоци и закани што ја загрозуваат регионалната стабилност.

