Свет
Најмалку 12 лица загинаа од порои во Авганистан

Дванаесет лица, вклучувајќи и деца, загинале во големите порои во провинцијата Хост во источниот дел од Авганистан, соопштиле од канцеларијата на гувернерот на провинцијата
Според прес-служба, во текот на последните три дена во провинцијата не престанале обилните дождови, кои предизвикуваат лизгање на земјиштето и потоци од кал кои предизвикуваат порои кои се спуштаат од високите планински сртови.Најпогоден бил округот Мусахејл, каде што биле пронајдени телата на 12-те жртви. Според провинциските власти, бројката на жртвите од невремето најверојатно ќе биде многу поголема откако ќе се создадат услови за отпочнување на потрагата по исчезнатите чија бројка се уште не е позната. Поројни дождови во четвртокот навечер ја зафатиле и источната провинција Лагхман. Според локалните медиуми, надојдените води од планината уништиле во провинцијата повеќе илјадници хектари плодно земјиште, стотици куќи и стопански продавници. Покрај оваа, погодени од невремето се и провинциите Даутлатсха и Карга, каде се уште не е утврдена бројката на жртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Судот ќе ја изрече пресудата за Депардје во мај

Кривичниот суд во Париз во четвртокот објави дека на 13 мај ќе ја изрече пресудата за актерот Жерар Депардје за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година.
Француското обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и парична казна од 20.000 евра за Депардје, објави весникот Le Parisien и другите медиуми.
Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со бројни обвинувања за сексуално вознемирување низ годините, да биде изведен пред суд.
Депардје призна дека ја фатил една од жените за бутот, но негираше дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против неговиот клиент се лажни и дека истражителите биле пристрасни.
Свет
(Фото) Распукаа патиштата во Мјанмар по разорниот земјотрес

По двата разорни земјотреси што го погодија Мјанмар, распукаа патиштата.
Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.
По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј.
Свет
Кралот Чарлс ги откажа сите обврски поради здравствени проблеми

Британскиот крал Чарлс Трети вчера беше кратко примен во болница поради привремени несакани ефекти по планираниот третман на ракот, соопшти Бакингемската палата.
Според официјалната изјава, кралот бил отпуштен по краток престој под медицински надзор и се вратил во својата резиденција.
„Неговото Височество се врати во Кларенс Хаус и како мерка на претпазливост утрешниот распоред на ангажмани ќе биде променет“, се вели во соопштението.
На кралот Чарлс ракот му беше дијагностициран минатата година, а деталите за видот на болеста не се објавени.