Свет
Петмина загинати во престрелката меѓу израелската и либанската војска
Во порганичниот инцидент што претпладне во понеделник се случи на граничната линија загинаа четири Либанци и израелски офицер, што е најтешкиот инцидент од завршувањето на насилствата во 2006 г.
Според извештаите од двете страни, палестинската исламистичка група Хезболах која е поддржана од Иран и од Сирија, не учествувала во престрелката. Странските агенции јавуваат дека, исто така, не се забележани ниту пообемни раздвижувања и прегрупирања на изреалската армија, што би можело да биде знак за отворање судир со пошироки размери.Според добиените информации, еден израелски тенк отворил оган врз либанска територија, откако претходно неколку проектили или бомби паднале врз северниот дел на Израел. Либанците исто така одговориле со артилериски оган. Порталот на изрелскиот дневен весник Haaretz јави од свои извори дознава дека две ракети од типот „катјуша“ кои биле истрелани од Либан, го погодиле северниот дел од Горна Галилеа, но ја има истата полициска информација дека нејзините припадници распоредени во областа не можеле да најде никаква трага.Очевидци меѓу жителите на областа исто така потврдиле дека слушнале неколку силни експлозии.Ахарон Валенси началник на Регионалниот совет на Горна Галилеа, изјави за локалната телевизија дека жителите се сокриле во засолништа.Либански безбедносни извори за агенцијата Reuters рекле дека израелски гранати испукани кон јужното либанско пограничното село Аадаси погодиле куќа.„Инцидентот се случи кого Израелци се упатија да сечат дрво на либанска територија. Либанската армија испука предупредувачки истрели кон нив а тие одговорија со бомбардирање“, изјавил либански безбедносен извор за агенцијата.Јужниот дел на Либан, традиционално е силно упориште на Хезболах, а либански војници ја преземаа контролата врз областа во 2006 г. по едномесечната летна израелска воена кампања против шиитската милитантна група.Во оваа област се распоредени 12 илјади припадници на мировните сили на Обединетите нации (УНИФИЛ).Овој судир уследи откако вчера во понеделникот беа зиврпени ракетни напади на јужното израелско преистаништа Јеилат а ракетите го погодија соседното јорданско пристануште Акуба каде едне таксист загиан а пет цивили беа ранети. Мировните сили на ОН ги повикаа двете страни максимално да се воздржат од предизвикување други инциденти.Аналитичарите сметаат дека нова војна за Либан би можела да заврши уште покатастрофално од минатата. Според израелските процени, Хезболах во спорниот појас има арсенал од 40 илјади ракети кои се насочени кон израелските позиции, па Тел Авив се закани дека ќе ги нападен виталните либански инфраструктурни објекти во секој случај на нов судир со шиитесктие герилци. Либанскиот премиер Саад ал-Кари го осуди „израелското кршење на либанскиот суверенитет“. Неговиот кабинет соопшти дека контактирал со египетскиот претседател Хосни Мубарак при што двајцата разговарале за „начините за соочување со израелската агресија врз либанската армија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

